Нови хоризонти му се доближува на Плутон и открива повеќе детали

0

Колкава разлика прават 30 милиони километри! Фотографиите на вселенското летало Нови хоризонти (New Horizons) се зголемуваат како што леталото се доближува до мистериозната цел. Новите фотографии направени помеѓу 8 и 12 мај со помош на моќната телескопска камера, откриваат повеќе детали за комплексната површина на Плутон.

Нови хоризонти му се доближува на Плутон и открива повеќе детали

Фотографиите се направени на оддалеченост од 77 милиони километри. Со оглед на тоа што во мај Нови хоризонти беше околу 30 милиони километри поблиску до Плутон отколку во април, новите фотографии содржат речиси двапати повеќе пиксели, а со тоа и повеќе детали. Забележани се различни површини, некои светли, некои темни, како и една светла површина на едниот пол која би можела да претставува поларна капа. Но, за тоа да се потврди треба да се направат фотографии од поблиску, а тоа трееба да се случи во наредните недели.

На 14 јули се очекува Нови хоризонти да влезе во системот на Плутон поминувајќи 1 200 000 км на ден.

„Во јуни, резолуцијата на фотографиите ќе биде четри пати подобра од оние направени во мај, а кога мисијата ќе се доближи најмногу, ќе се добијат фотографии со 5 000 пати подобра резолуција“ – вели Хал Вивер, научник во Универзитетот за применета лабораториска физика на Џонс Хопкинс, во Лаурел, Мериленд.

По лансирањето во јануари 2006 година, Нови хоризонти денес се наоѓа на оддалеченост од речиси 5 милијарди километри од дома. Леталото е во исправна состојба и сите системи функционираат нормално.

Превод: Дарко Рафаиловски

Извор: IFLS

Сподели.