Нови докази ја прават темната материја уште поегзотична

0

Галактичките јата се најголемите структури во Универзумот за кои знаеме, и кои содржат илјадници галаксии и жежок гас. Но, многу поважно, тие ја содржат мистериозната темна материја, која состои 27% од сета материја и енергија. Сегашните модели за темна материја предвидуваат дека галактичките јата имаат многу густи јадра и дека тие содржат по една масивна галаксија која никогаш не го напушта центарот на јатото.

Нови докази ја прават темната материја уште поегзотична

Мапа на темна материја од регионот на KiDS истражувањето (регион Г12). Заслуги: KiDS survey

Но, откако проучија десет галактички јата, Дејвид Харви во Лабораторијата за астрофизика при EPFL и неговите колеги во Франција и Велика Британија открија дека оваа густина е многу помала од предвидената и дека галаксијата во центарот всушност се движи.

Секое галактичко јато содржи галаксија која е посветла од другите, и која е соодветно именувана „најсветла галаксија во јатото“ или НГЈ. Скорешни докази од егзотична, нестандардна темна материја покажува дека НГЈ всушност се нишаат уште долго по релаксирањето на галактичкото јато. Ова е останато нишање предизвикано од масивни спојувања на галактички јата.

Истражувачите ги споредија нивните набљудувања со предвидувањата од космолошките хидро-динамични симулации БАХАМАС и пронајдоа дека тие не се совпаѓаат. Според стандардниот модел на темна материја (наречен „ладна темна материја“), ова нишање не постои, бидејќи огромната густина на темната материја цврсто го држи во центарот на галактичкото јато. Со тоа, ова несовпаѓање го претполага постоењето на засега непознати физички појави и закони кои не се земени предвид.

Галактичките јата кои астрономите ги проучија исто така дејствуваат како силни гравитациски леќи: тие се толку масивни, што го закривуваат време-просторот меѓу нив, доволно за светлината која поминува низ нив да се видоизмени, како низ леќа. Поради тоа, тие можат да бидат употребени за да се направи мапа на темна материја, откривајќи каде е центарот и потоа набљудувајќи како НГЈ се ниша околу овој центар.

„Откривме дека НГЈ се движат наоколу на дното на халоата,“ вели Дејвид Харви. „Ова покажува на тоа дека, наместо густ регион во центарот на јатото, има многу помала централна густина – впечатлив сигнал на егзотичните форми на темна материја токму во јадрото на галактичките јата.“ Нишањето исто така покажува дека НГЈ не можат совршено да се совпаднат со халото на јатото, што значи дека одредени модели на галактичките јата ќе мора да се променат.

Научниците ќе ги прошират нивните истражувања со поголеми галактички јата, како Евклид. Тие се надеваат дека со тоа ќе можат да ги потврдат нивните наоди, но исто така и да одредат дали нишањето на НГЈ потекнува од нови фундаментлни физички закони или од неприкосновен астрофизички феномен.

Превод: Јоаким Јаковлески

Извор: Phys

Сподели.