Нова метода за мерење на атмосферскиот притисок на егзопланетите

0
Приказ на планетите на кои се смета најверојатно постои живот. Извор: Planetary Habitability Laboratory, University of Puerto Rico, Arecibo.

Приказ на планетите на кои се смета најверојатно постои живот. Извор: Planetary Habitability Laboratory, University of Puerto Rico, Arecibo.

Преку мерењата на атмосферскиот притисок на далечните егзопланети може да се добијат индикации за присуството на живот на нивните површини. Научниците од Универзитетот во Вашингтон развија нови техники со кои ќе се вршат овие мерења.

Првите чекори по откривање на една егзопланета се испитувања на поволноста на температурата, односно услови под кои водата би била во течна состојба. Но, овие информации се далеку од доволни за вистинско пронаоѓање на вонземски живот. Многу важна улога игра и атмосферскиот притисок.

Новата техника со која би се мерел атмосферскиот притисок на далечните планети работи врз принцип на набљудување на споени парови од молекули кои се оформуваат при услови на висок притисок и густина. Има разни видови на вакви молекули, но истражувачите се фокусирале исклучиво на кислородни молекули кои стапуваат во привремени меѓусебни врски преку водородот.
Овие молекули може да се детектираат индиректно кога планетета проѓа пред нејзината ѕвезда бидејќи тие, на специфичен начин апсорбираат дел од ѕвездената светлина. Количината на апсорбирана светлина може да варира во зависност од атмосферскиот притисок и густината. Водните молекули од ваков тип на Земјата беа детектирани минатата година, но наскоро астрономите преку моќните телескопи ќе можат да го користат овој метод за истражување на далечните планети.

Покрај атмосферскиот притисок и агрегатната состојба на водата, овој метод ќе помогне да се истражуваат и биолошките знаци на планетите затоа што кислородот е во директна врска со фотосинтезата, па така се претпоставува дека тој не би изобилувал доколку не е редовно произведуван од алги или други растенија.

Извор: Universe Today

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.