Нова алатка во потрагата по вонземскиот живот

0

Со четири години одалеченост од лансирањето на вселенскиот телескоп Џејмс Веб, астрономите доаѓаат до идеи како да ја максимизираат неговата корисност. Предлогот кој беше објавен во Астробиологија се однесува на начин кој би можел да се користи за откривање на знаци на живот на планетите блиску околу ѕвездите.

Иако е секогаш возможно дека животот на планетите надвор од соларниот систем „нема да биде како што ги познаваме”, очигледно место за да почнеме да бараме се планетите кои се слични по можност на нашата. Тука спаѓа присуството на течната вода, која за возврат има потреба од значителна атмосфера. Нискиот атмосферски притисок значи дека водата почнува да врие штом ќе се стопи.

Како и да е, водејќи се по трудот: “Сегашните предложени методи за мерење пристисок кои се користат со набљудувачки техники можат да бидат применливи на планетите надвор од нашиот соларен систем каде истите се предизвикувачки.” Карактеристичното распрскување на сина светлина што ја дава бојата на нашето небо е и омилена понуда за потписот на атмосферата како нашата. Сепак, авторскиот начин на работа покажува дека озонот или суфлур диоксидот во атмосферата, меѓу другите гасови, ќе го маскира истото. Врвот бранови должини за светлосното распрскување исто се надвор од дометот на Џејмс Веб.

Подобар начин на кој авторите укажуваат, е да се бараат димери. Димерите се формираат кога две молекули се врзуваат заедно без да формираат нова молекула. Особено две О2 молекули можат да станат привремено врзани заедно и во процесот да ја апсорбираат светлината различно од индивидуалните О2 молекули (мономери). Една од разликите е дека однесувањето на димерот е повеќе чувствително на атмосферски притисок од она на мономерите, со карактеристика позната како оптичка длабочина која е пропорционална на притисокот на квадрат, наместо како притисок на силата на еден како кај мономерите.

Водечкиот автор и докторант Амит Мизра на Универзитетот во Вашингтон препорачува користење на две ленти блиску инфраред, со бранова должина 0.76μm и 1.06μm за да се измери дали атмосферата на планетата е доволно густа за одржување на течна вода. “Значи, идејата е дека ако бевме во можност да го направиме ова за некоја друга планета, можеме да ја бараме оваа карактеристична шема на апсорпција од два или повеќе молекули за да ги идентификува,” вели Мизра.

Мизра и неговите соработници генерирале податоци за фиктивни планети околу други ѕвезди и демонстрирале дека со Џејмс Веб тие ќе бидат во можност за мерење на атмосферскиот притисок, еднаков или поголем на оној на Земјата, а некои техники може да им помогнат на откривање на една четвртина од нашиот сопствен притисок, во зависност од значајните фактори.

Знаејќи дека притисокот во атмосферата е важен, подигање на само О2-О2 димери би можело да биде важно и заради друга причина. Кислородот нема да трае во нашата атмосфера без фотосинтетички животни форми кои постојано го заменуваат. Ако би биле откриени кислород димери тоа би било силна индикација дека животот цвета на планетата која е во прашање.

Извор: IFLS

Превод: Стефан Цветковски

Сподели.