Нешто се движи длабоко под површината на џуџестата планета Церес

0

Некои вериги од јами на Церес Заслуги: НАСА

Научниците од НАСА разгледале некои посебни карактерстики на површината на Церес, за кои веруваат дека се формирани поради материјалот што се движи во џуџестата планета.

Врз основа на детални набљудувања од вселенското летало NASA’s Dawn, истражувачите откриле нова класа на фрактури кои ги нарекуваат вериги од јами и вериги од кратери. Тимот идентификувал над 2000 пукнатини поголеми од 1 километар во должина околу кратерите на површината на Церес. Но, како што е соопштено тие веруваат дека веригите од јами имаат различно потекло.

Направени се обиди за да се објаснат, но тимот смета дека само едно верување е веројатно. Врз основа на нивната локација, истражувачите прво сугерираа дека кратерите и јамските јони имале заедничко потекло. Кога еден астероид ја погодил џуџестата планета површината околу неа е распукана од притисокот. Но, веригите на кратери значително се разликуваат од јамските бидејќи јамските вериги се ирегуларни и немаат подигнати рамки. Оваа впечатлива разновидност во морфологијата го прави ова објаснување неубедливо.

Друго објаснување е поврзано со глобалниот океан, кој, според истражувачите, може да ја покрие целата џуџеста планета. Може ли замрзнувањето на океанот да формира такви структури на површината? Тимот не верува во тоа така што фрактурите не се рамномерно распределени околу Церес.

Истражувачите наместо тоа укажуваат на внатрешната динамика. Тие сметаат дека движењата на помалку густиот материјал го сочинуваат најдоброто објаснување. Овие ќе создадат заздравување во подлабокиот слој на планетата, што ќе го направи соодветниот регион на површината подготвен за формирање на јами.

“Со оглед на тоа што овој материјал се движеше нагоре од под површината на Церес, делови од надворешниот слој на Церес беа раздвоени, формирајќи фр под актури”, вели д-р Џенифер Скали, соработник на научниот тим за Зора сондата во Лабораторијата за Млазен Погон на НАСА.

Тимот се надева дека овие набљудувања ќе бидат вградени во нови модели објаснувајќи како џуџестата планета еволуирала од формирањето на Сончевиот систем. Церес е најголемиот објект во астероидниот појас и единствената џуџеста планета во внатрешниот Сончев систем. Тој е орбитиран од Зора сондата, чија мисија е продолжена до крајот на 2018 година.

Превод: Бојан Николовски

Извор: IFL Science

Сподели.