Во април минатата година, меѓународна соработка се обиде да направи нешто што луѓето никогаш не го направиле порано: да направи слика од Стрелец А*, супермасивната црна дупка во центарот на Млечниот Пат. Последната испорака на податоци од соработката беше прифатена минатиот месец и тие сега почнаа да ја анализираат во целост, што значи дека наскоро можеме да ја имаме првата фотографија од црна дупка.
Можеби изгледа чудно што има толку широк временски јаз помеѓу набљудувањето и анализата, но има една многу интересна причина. За да имаат таква висока прецизна слика, астрономите мораа да користат техника позната како долгобазична интерферометрија, каде што радиотелескопите кои се многу далеку едни од други се поврзани за да направат виртуелен телескоп широк колку нивното меѓусебно растојание.
Телескопот Event Horizon, како што се нарекува, користеше телескопи од целиот свет, вклучувајќи го и Антарктикот, каде што мораа да чекаат временските услови да бидат соодветни за да го испратат хард-дискот со податоците на опсерваторијата Хејстек МИТ. Набљудувањата, кои беа примени на 13 декември, беа испратени и до Институтот за астрономија Макс Планк, во Германија. Астрономите на двете локации ќе ги анализираат податоците.
Во соопштението за печатот минатиот месец, тимот објасни дека ќе бидат потребни околу три недели за да се комплетира споредбата на снимките на двата тима, по што конечно може да започне конечната анализа на набљудувањата. Податоците би можеле да дадат нов увид во дебатата за квантната механика наспроти релативноста. Црните дупки се една од предметните области каде што двете теории се борат за да бидат заедно во игра.
Во меѓувреме, ќе мора да почекаме и да видиме. Се надеваме дека набљудувањата се успешни и наскоро ќе имаме слика на хоризонтот на настанот на Стрелец А*, на работ на самата црна дупка. Покрај тоа, гравитацијата е толку силна, што дури и светлината не може да ѝ избега.
Стрелец А* тежи 4 милиони Сонца, и има дијаметар од „само“ 44 милиони километри (27 милиони милји). Тоа што се наоѓа на 26.000 светлински години оддалеченост од Земјата, ѝ ја дава привидна големина на небото слична со набљудување на ЦД на површината на Месечината од Земјата. Ова е причината зошто на истражувачите им беше потребен телескоп широк колку Земјата за да ја видат.
Превод: Бојан Николовски
Извор: IFL Science