Научниците се доближуваат до докажување на гравитациските бранови од неутронските ѕвезди

0
Научниците се доближуваат до докажување на гравитациските бранови од неутронските ѕвезди

Заслуга: Дана Бери NASA

Научниците, користејќи го BICEP2 на Јужниот пол, тврдат дека откриле гравитациски бранови во март оваа година. Тоа ќе беше директен доказ на космичката инфлација, како и најубедлив доказ за постоењето на Големиот прскот. Неодамна, тие резултати да дојдоа на удар, па дури и фактот што научниците признаа дека не може да се отфрли можноста дека сигналот кој го детектирале е всушност прав од Млечниот Пат.

Инфлацијата не е единственото нешто што се верува дека предизвикува гравитациски бранови, но сепак, тим составен од членови од Универзитетот Монаш и Универзитетот на Ворвик веруваат дека се премногу блиску до докажување на нивното постоење врз основа на набљудувања на неутронска ѕвезда. Научниците беа предводени од Данкан Галовеј при Универзитетот Монаш, а статијата е објавена во Астрофизичкото списание.

Гравитациските бранови за прв пат биле предложени од страна на Алберт Ајнштајн назад во 1916 година, како дел од неговата теорија на релативитетот, која опишува како масата влијае на простор-времето. Откривањето на овие појави беше доста тешко, од причина што нивните извори се многу далечни од Земјата и бранувањето значително се намалува пред тие да се во можност да стигнат до нашата опрема за детекција, создавајќи неверојатно слаб сигнал.

Истражувањето е сконцентрирано на Скорпија X-1, бинарен систем кој е составен од неутронска ѕвезда и ѕвезда придружничка од која се храни. Системот се наоѓа на околу 6.000 светлински години во соѕвездието Скорпија. Настрана од нашето Сонце, тоа е најсилниот извор на Х-зраци на небото. Иако Скорпија Х-1 не е најстарата проксимална неутронска ѕвезда до Земјата, силниот рентгенски сигнал ја прави добра цел за проучување.

Тимот ги искористи податоците собрани од страна на телескопот Вилијам Хершел (Herschel) во Ла Палма, Канарските Острови, како и од Многу големиот телескоп (VLT). Во нивните сегашни научни документи, тимот опишува како биле во можност подобро да ја прецизираат орбитата на Скорпија X-1 до фактор од два, што претставува значајно подобрување. Одредувањето на орбитата и другите мерења се значајни фактори во лоцирањето на гравитациските бранови кои се верува дека ги произведува неутронската ѕвезда.

„Ние направивме исклучителен напор да ги подобриме мерењата на орбитата на Скорпија Х-1 како и на другите параметри, со цел значително да ја подобриме чувствителноста на пребарувањето на гравитациските бранови“ изјави Галовеј во соопштението.

“Откривањето на гравитациските бранови ќе отвори нов прозорец за набљудување и ќе ни овозможи да истражуваме објекти во Универзумот на начин кој не може да се постигне со користење на традиционалните астрономски техники.“

Тимот ќе продолжи во оваа насока со истражувањето. Можноста да се детектираат и проучат гравитациските бранови ќе им овозможи на научниците да ги подобрат моделите и да тестираат некои од најпознатите основни аспекти на физиката.

Превод: Боро Костевски

Извор: IFLS

Сподели.