Користејќи податоци добиени преку масена спектрометрија од вселенското летало Касини на НАСА, научниците откриле дека големи органски молекули богати со јалерод се исфрлени преку пукнатините на ледената површина на месечината на Сатурн, Енцелад. Научниците од Југозападниот Институт за Истражување мислат дека одредени хемиски реакции кои се одбиваат помеѓу карпестото јадро на месечината и топлите услови во нејзиното подземје се поврзани со овие сложени молекули.
„Повторно сме воодушевени од Енцелад. Претходно ние ги идентификувавме единствено наједноставните органски молекули кои што содржеа само неколку јаглеродни атоми, меѓутоа дури и самото тоа за нас беше фасцинантно.“, вели Д-р Кристофер Глејн, вселенски научник кој специјализирал во вонземска и хемиска океанографија. Тој е коавтор на еден труд во Природа кое го опишува ова откритие.
“Сега пронајдовме органски молекули со над 200 атомски маси. Тоа е над 10 пати потешко од метанот. Со сложени органски молекули кои произлегуваат од нејзиниот океан од вода, оваа месечина е единственото небесно тело покрај Земјата за кое знаеме дека истовремено ги задоволува сите основни побарувања за животот како што го знаеме.
Пред излегување од орбитата, во Септември 2017 година, Касини земал примерок од водената плима од подземјето на Енцелад. Инструментите извршиле анализи на плимата при преминување на млазот, и во Е прстенот на Сатурн кој што е формиран од ледени зрнца од плимата кои ја избегнале гравитацијата на Енцелад.
„Дури и по неговиот крај[на мисијата], вселенското летало Касини продолжува да не фасцинира со потенцијалот на Енцелад да го прошири полето на астробиологија во океанскиот свет.“ Вели Глејн. „Овој натпис ја прикажува вредноста на тимската работа во планетарната наука. ИНМС и ЦДА [инструменти на Касини] тимовите соработуваа за да постигнат подлабоко разбирање за органската хемија на подземниот океан на Енцелад, кое што би било можно да се постигне со само еден збир на податоци.“
За време на блиското прелетување на Касини покрај Енцелад на 28 октомври 2015 година, додедка леталото поминувало низ плимата, инструмент на Касини открил молекуларен водород. Претходните прелетувања обезбедиле докази за постоење на глобален подземен океан кој се наоѓа над карпестото јадро. За молекуларниот водород во плимата се смета дека бил формиран од геохемиски реакции помеѓу водата и карпите во хидротермалните средини.
„Водородот обезбедува извор на хемиска енергија која што ги поддржува микроорганизмите кои живеат во Земјините океани близу хидротермалните отвори.“ Вели Др. Хантер Ваите, директор на ИНМС а воедно и истражувач кој исто така беше коавтор на новиот труд, „Еднаш кога ќе идентификувате потенцијален извор на храна за микроорганизми, следното прашање кое си го поставувате е „која е природата на сложените органски молекули во океанот?“ Трудот го претставува првиот чекор кон разбирањето на сложеноста на органската хемија на Енцелад која ги надминува нашите очекувања
“Откритијата во трудот исто така имаат огромно значење за следната генерација на истражувања.”, вели Глејн. “Идно вселенско летало би можело да прелета покрај плимата на Енцелад и да ги истражи сложените органски молекули користејќи масен спектрометар со висока резолуција кој ќе ни помогне да утврдиме од каде потекнуваат. Мора да бидеме претпазливи, но возбудлива е самата помисла дека ова откритие укажува на можноста органските молекули на Енцелад да се одликуваат со биолошки состав.”
Превод: Анастасија Младеновска
Извор: Phys.org