Истражувачи на Универзитетот на Ватерло биле во можност да ја направат првата композитна фотографија од мост од темна материја кој поврзува две галаксии.
Композитната слика која комбинира неколку индувидуални слики, ги потврдува предвидувањата дека галаксиите во Универзумот се сврзани заедно преку космичка мрежа поврзана преку темна материја која досега била невозможна за набљудување.
Темната материја, мистериозна супстанца која сочинува околу 25 проценти од Универзумот, не свети, ниту пак апсорпира или одбива светлина. Тоа ја направило досега воглавно невозможна за наоѓање, освен преку гравитација.
Веќе со децении истражувачите предвидувале постоење на филаменти (нишки) од темна материја помеѓу галаксиите, кои дејствуваат како мрежна суперструктура која ги поврзува. Оваа слика нè носи над предвидувања, кон нешто што можеме да видиме и измериме.
Како дел од истражувањето, Хадсон и коавтор Сет Епс, студент на магистерски студии на Универзитетот на Ватерло во времето на истражувањето, користеле техника наречена слабо користење на гравитациска леќа, ефект кој предизвукува нарушување на сликата од далечни галаксии под влијание на непронајдена маса како планета, црна дупка или во овој случај темна материја. Ефектот е измерен од слики од повеќегодишни набљудувања на небото од Телескопот Канада-Франција-Хаваи.
Комбинирани се слики со користење на гравитациска леќа од повеќе од 23.000 галактички парови кои се сместени на 4,5 милиони светлински години, за да се создаде композитна слика или мапа која го прикажува постоењето на темна материја помеѓу две галаксии. Резултатите покажуваат дека мостовите од филаменти од темна материја се најсилни помеѓу системи оддалечени помалку од 40 милиони светлински години.
Користејќи ја оваа техника, не само што можеме да видиме дека овие нишки од темна материја постојат, туку можеме дури и да видиме до кој степен ваквите филаменти ги поврзуваат галаксиите.
Превод: Јован Милосковски
Извор: Phys