На Марс постои аурора, за која се знае како изгледа

0
На Марс постои аурора, за која се знае како изгледа

NASA/JPL-Caltech/MSS

Пред десет години, леталото на Европската Вселенска агенција (ESA), Марс Експрес, испрати податоци дека на Марс постои поларна светлина (аурора), што пред неколку месеци ги потврди MAVEN на НАСА. Сите овие забележувања се случиле од орбита. Научниците ги интересирало дали оваа впечатлива појава може да се види и од површината на планетите.

Поларната светлина се појавува кога Сончевиот ветар се судира со горните слоеви на атмосферата. На Земјата е видлива на северниот и јужниот пол (aurora borealis, односно, aurora australis), бидејќи таму Земјиното магнетно поле е најсилно.

Марс, од друга страна, има неспоредливо послабо магнетно поле, кое е детектирано дури на неколку места од јужната полутопка. Слично е и со неговата атмосфера, која за споредба со Земјината е незначителна и има различен состав.

Бидејќи е невозможно да се бара аурора на Марс, научниците во лабораторија ги симулирале условите на Марс – неговото магнетно поле и атмосфера, на кои им уфрлиле електрони. За разлика од Земјината аурора, која е зелена или црвена (поради судирот на Сончевиот ветар со атомите на кислород), аурората на Марс е сино – виолетова. Во неговата атмосфера, доминира јаглеродниот диоксид, додека кислород има само во трагите.

Своето истражување го фотографирале и дознале дека аурората на Марс има син0-виолетова боја и веројатно се гледа од површината. За потврда мора да се причека кон крајот на 2030 год. кога се во план првите човечки мисии на Црвената планета.

Аурора на Марс (Credit: D. Bernard/IPAG-CNRS)

Превод: Петар Ивановски

Извор: Popular Science

Сподели.