Може ли возењето по Марс да ги уништи тркалата?

0

Роверот “Кјуриосити” има проблем: површината на Марс постепено ги нагризува неговите тркала. Веќе на самиот почеток од започнувањето на возењето по Црвената планета, фотографиите открија оштетувања на сите 6 тркала од роверот.

Иако дупките и длабнатините започнаа да се појавуваат насекаде, сепак, одговорните на мисијата изјавија дека сето тоа е нормално. “Гумите” на тркалата на роверот се направени од квалитетен алуминиум, но, се многу тенки, со дебелина од само 0.75 мм. па, поради тоа, тркалата значително трпат абење, со оглед на патиштата на Марс. Според изјавите на контролата од Земјата, “Кјуриосити” може во случај ако има потреба да вози и со “оголени” гуми. Значи, нема причина за некаква паника.

Пукнатина на тркалото на роверот “Кјуриосити”. Фотографијата е направена со камера МастКам 486 сола

Пукнатина на тркалото на роверот “Кјуриосити”. Фотографијата е направена со камера МастКам 486 сола

Меѓутоа, потребно е нешто да се промени во бараките на ЈПЛ, бидејќи, по се изгледа дека тимот на роверот нема доволно добра подршка. По изминати 4.589 м. по површината, абењата на површината на тркалата се претерани, па дури и вознемирувачки. Штетата настаната неодамна по излегувањето од регионот „Yellowknife Bay“, ги надминува сите теориски модели, веројатно затоа што површината е погруба од очекуваното. Поради тоа, кон крајот на ноември 2013 г. тимот одлучи да сними серија фотографии од сите 6 тркала, користејќи ја камерата МАХЛИ, сместена на роверовата роботска рака (фотографиите се направени во неколку сесии помеѓу 469 сола и 472 сола). Анализите од фотографиите ги загрижија раководителите на мисијата, кои веднаш донесоа одлука да се врши фотографирање многу почесто.

Пукнатина во предното лево алуминиумско тркало на фотографијата МАХЛИ, направена 463 сола (24 ноември 2013 г.) Подобра фотографија!

Пукнатина во предното лево алуминиумско тркало на фотографијата МАХЛИ, направена 463 сола (24 ноември 2013 г.) Подобра фотографија!

Оштетување на површината на тркалата

Оштетување на површината на тркалата

Пукнатини на второто тркало на роверот

Пукнатини на второто тркало на роверот

Мозаик на тркалата на “Кјуриосити” на Марс, направени со камерата МАХЛИ

Мозаик на тркалата на “Кјуриосити” на Марс, направени со камерата МАХЛИ

Помеѓу 9 и 19 декември 2013 г. (478.сол – 487.сол) роверот не возеше, бидејќи се вршеше третиот апдејт на софтверот, што поголемиот број на тимот го искористи за да учествува на состанокот на научници на Американското геофизичко здружение (АГУ), во Сан Франциско, САД.

Научните операции се продолжија на 485 сола, а роверот повторно е придвижен на 488 сола (20.12). Менаџерите на мисијата сега планираат да спроведат неколку возења на “Кјуриосити” по помеко тло, и така да ги тестираат оштетувањата настанати на тркалата. Исто така, направија фотографии и на сите тркала со камерата МастКам.

Инаку, Роверот “Кјуриосити” е тежок 1 т., има 6 тркала со дијаметар од 0.5 м. монтирани на систем на суспензори, кои ги осигурува сите тркала да бидат во контакт со тлото во исто време. Секое тркало има сопствен електромотор, а на нагазните површини имаат дупки, заради зголемување на влечноста (дупките во песокот ги оставаат буквите Ј, П и Л, напишани со Морзеовата азбука •−−− •−−• •−••).

И предниот и задниот пар тркала можат да вртат, со што практично се овозможени сите насоки при возењето. Шасијата на роверот се наоѓа на 66 см. од површината, така што, тркалата можат да ја “прескокнат” секоја препрека во висина од нивниот дијаметар. Тркалата се опремени со ребра, со што се овозможува качување и симнување под агол до 45˚ во било која насока, но заштитниот софтвер алармира на секоја ситуација преку 30˚. Максималната брзина на роверот изнесува 5 см/сек (0.14 км/ч.), но, вообичаено тој не преминува 1.5 см/сек/. За да помине 1 м. на роверот му требаат 66 секунди.

Плочата за калибрација на камерата МАХЛИ

Плочата за калибрација на камерата МАХЛИ

Спроред тимот, и покрај абењата и оштетувањата, роверот “Кјуриосити” ќе продолжи со патувањето кон подножјето Aeolis Mons (“Mount Sharp”) како што е и планирано, но возачите ќе треба да бидат многу повнимателни кога станува збор за патеката.

Јасно е дека патешествието по Марс има и своја цена.

20140415_7_tocak7

Тркалото на роверот (без Морзеовите дупки), во споредба со тркалата на МЕР роверот “Спирит” и “Сојоурнер”

Тркалото на роверот (без Морзеовите дупки), во споредба со тркалата на МЕР роверот “Спирит” и “Сојоурнер”

МСЛ “Кјуриосити”. Мисијата ќе чини над 2.5 милијарди американски долари

МСЛ “Кјуриосити”. Мисијата ќе чини над 2.5 милијарди американски долари

Извор: Астрономски Магазин

Превод: Петар Ивановски

Сподели.