Мост од темна материја во нашето космичко соседство

0
Мост од темна материја во нашето космичко соседство

Приказ на моменталното струење на галаксиите – траекторијата на експресниот космички автопат и на мостот до соѕвездието Девица, во регионот помеѓу Млечниот пат, Андромеда и Кентаур А.

Со користење на најквалитетните достапни информации за следење на метежот во нашето соседство, Ноам Либескајнд (Noam Libeskind) од Институтот за астрофизика – Лајбниц во Потсдам (AIP) и неговите соработници имаат направено детална мапа за движењето на нашите соседни галаксии. Во мапата откриле мост од темна материја кој се протега од нашата Локална група сè до соѕвездието Девица – огромна маса од околу 2 илјади галаксии оддалечени 50 милиони светлински години, која што од секоја страна е опкружена со огромен празен простор. Овој мост и празен простор ни помагаат во разбирањето на проблем стар 40 години поврзан со необичната распространетост на џуџестите галаксии.

Ваквите џуџести галаксии често се среќаваат како кружат околу поголеми домаќини како нашиот Млечен пат. Но, бидејќи се слабо осветлени тешко се забележуваат, затоа може да ги видиме само во нашето космичко соседство. Ваквите сателити не се движат по случаен пат, туку се втиснати во празни, широки подрачја кои што најверојатно се вртат. Ваквите градби не се случаен производ од моделот на темната материја кој повеќето научници го сметаат одговорен за начинот на кој Универзумот создава галаксии. Како резултат на тоа овие градби претставуваат предизвик за современата наука.

Мост од темна материја во нашето космичко соседство

Подетален приказ на струењето на галаксиите.

Една варијанта е дека овие мали галаксии го отсликуваат начинот на создавање во многу поголеми размери. „За првпат со набљудување може да потврдиме дека огромни експресни автопати испраќаат џуџести галаксии низ Космосот преку неверојатни мостови од темна материја,“ вели Либескајнд. Овој космички „експресен автопат“ им дава можност на залетаните сателити да се исклучат на регионален пат кон Андромеда, Кентаур А и Млечниот пат. „Импресивен е фактот што овој галактички мост им влијае на џуџестите галаксии околу нас со оглед нивната  големина: полињата со џуџиња се околу 1 процент од големината на галактичкиот мост до соѕвездието Девица.“

Превод: Стефан Цеков

Извор: Phys

Сподели.