Мисијата за испраќање луѓе на Марс може да заврши неуспешно

0

Американската вселенска организација мора да превземе сериозни мерки и да направи детално планирана стратегија доколку сака мисијата за освојување на Марс да заврши успешно.

Црвената планета

Црвената планета

Американскота истражувачка комисија ја предупреди НАСА дека за навистина да успее испраќањето летало со луѓе на Марс, ќе мора да вложи во пропратни помошни стратешки мисии, како истражување на астероид, градење база на Месечината и нови стручни соработки со успешни земји како Кина.

Сегашната мисија на вселенското истражување се граничи со мисијата за посета на Марс од страна на човештвото, со што би бил достигнат врвот на актуелните можности и како таква е одобрена од страна на претседателот Обама.

Новинарите го разгледуваат моделот на ракетно тест летало за безбедно слетување на површината на Марс. Фотографијата е направена во Април 2014 во познатата Jet Propulsion Laboratory, лоцирана во Паседина, Калифорнија.

Според објавената статија, остварувањето на оваа мисија е речиси невозможно само со учество на буџетот на САД. Затоа, неопходна е соработка со други земји, како на пример со ривалот Кина и финансирања од приватниот сектор.

Слика од површината на Марс, направена на од страна на Кјуриосити во Април 2012.

Од НАСА велат дека ги прифаќаат забелешките на комисијата и дека истите ќе подлежат на дополнително разгледување и анализирање.

Извор: phys.org

Превод: Михаела Стојанова

Сподели.