Месечината во боја?

0

Месечината не е некое небесно тело кое асоцира на бои. Дури и некои многу разнобојни планети како што се Марс и Јупитер “не бодат очи” со своите бои. Што и да се види низ окулар, боите на тие планети луѓето ги доживуваат како пастелни. Месечината од секој практичен аспект е црно – бел свет.

Дали е навистина така?

Месечината е мртов свет, без атмосфера и како таква не е подложна на ерозија и оксидација (нема вегетација), кои се најзаслужни за боите кои ние ги гледаме на површината на планетата, вклучувајќи ја и Земјата. Сепак, во раните стадиуми додека површината на Месечината била течна, било присутно доволно кислород во облик на водена пареа и течната лава оксидирала,со што донекаде ја променила бојата.

Овој процес е продолжен како што површината на Месечината се ладела и полека се стврднувала. Постојаното бомбардирање со метеорити, како и геолошките процеси на вулканите, продолжиле да ја „отвараат” стврднатата кора на Месечината, кое довело до излевање на лавата. По неколку милијарди години, дури и јадрото на Месечината се стврднало и сите процеси застанале. Речиси сите – милијарди метеорити продолжиле да ја удираат површината на Месечината и да ја ситнат кората во супер фини честици прашина, кои биле расфрлени наоколу. Овој слој од метеорска прашина е заслужен за бледо сивкастата боја, по која ја препознаваме Месечината. Но, секој нов удар на поголемите метеорити отварал „прозор” во долните слоеви кои некогаш биле течни, и кои имаат малку поинаква боја.

Дел од Месечината околу кратерот Аристарх е од секогаш познат по колоритноста. Дури и во окуларот, доколку се погледне внимателно, деловите од висорамнините околу Аристарх и Херодот изгледаат црвенкасто или барем имаат „потопла” нијанса од околниот терен.

Денешната опрема овозможува тие нијанси да се засилат до бескрај. Кратерот Аристарх е млад, а може да се заклучи по сјајните ѕидови (кои очигледно се уште не се целосно прекриени со прашина). Змиестиот кањон Шротери, кој започнува на некои 25 км. лево од Аристарх, настанал најверојатно со излевање на лавата, која истовремено го наполнила и кратерот Херодот веднаш под него.

Кратерот Аристарх има 45 км. дијаметар и е длабок околу 3.600 м. додека Херодот е околу 35 км. и е многу поплиток. Лавата се излила и го наполнила Херодот, но не и Аристарх и според ова, научниците заклучуваат дека Аристарх настанал кога веќе јадрото на Месечината било ладно.

Аристарх

Аристарх

Кањонот Шротер е долг речиси 200 км., но најдолгиот дел изнесува над 10 км. и на самиот крај постепено се стеснува на само 500 м. Ромбоидната висорамнина која има зеленкаста – кафена нијанса и ги содржи сите овие објекти, издигната е цели 2 км. над нивото на околниот Океан Олуја (Oceanus Procellarum).

Боите се овде веродостојни, но се секако последица на масивната дигитална манипулација на оригиналната фотографија во црвениот и синиот дел од спектарот. Појачувањето во сите три РГБ канали, морало да биде толку големо што фотографијата излегла многу „зрнеста”, но, секако, визуелниот впечаток на силните бои на овој несекојдневен објект била и крајната цел.

Извор: Астрономски Магазин

Превод: Петар Ивановски

Сподели.