Месечината сè уште носи лузни од антички протопланетарен удар

0

Месечината била судрена со објект во далечното минато. Ова е веќе одамна познат научен факт, но неодамна научниците дознаа и новости на темата, а тоа е дека Месечината најверојатно била нападната од парчиња од прото-планета. При едно ново истражување, откриени се докази дека пред околу 4 милијарди години областа Mare Imbrium, во превод „море од дождови,“ се оформила при удари од парчиња од прото-планета. Се предвидува дека дијаметарот на астероидот бил 250 километри, што е околу 30 пати помасивен од досегашните проценки. Да стануваше збор за вертикален удар од помал астериод, повеќето од парчињата ќе се одбиеја нанадвор. Испитувањата беа направени со податоци од орбитерот на НАСА (LRO), Аполо снимки и нов метод на 3Д моделирање. Со помош на сето ова, научниците успеаjа да потврдат дека браздите кои ги гледаме на површината од нашиот сателит се должат на удар од голем објект во далечното минато.

Месечината сè уште носи лузни од антички протопланетарен удар

Истражуваниот регион на Месечината. Заслуги: NASA/Northeast Planetary Data Center/Brown University

Следен чекор во продолжување на истрагата е користење на методот со мапирање и 3Д моделирање за да се предвидат големините на објектите кои се одговорни за големите кратери и на другите светови, како на пример Меркур и Марс.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Astronomy

Сподели.