Месечината можеби ги поттикнува најсилните земјотреси на Земјата

0

Земјотресите се случуваат постојано на нашата планета, но и покрај тоа се едни од најголемите и најстрашните природни катастрофи. Причините за нивното настанување понекогаш знаат да бидат мистериозни. Во Nature Geoscience беше објавено ново истражување според кое се претпоставува дека најголемите земјотреси во човечката историја би можеле да бидат поттикнати од нашиот природен сателит.

Добро е познато дека Месечината има гравитациско влијание врз нашата планета, ги предизвикува плимата и осеката на нашите водни површини. Во одредени делови од Сончев Систем сателитите предизвикуваат толку силни влијанија на планетите што карпите знаат да се одвојат од стопената лава. Сеизмолозите често се прашуваат дали ја потценуваме моќта на Месечината и нејзиното влијание врз нашата планета. Секако не е доволно моќна да стопи карпи, но најверојатно би можела да влијае за кршење на послабите карпи на Земјата.

Месечината можеби ги поттикнува најсилните земјотреси на Земјата

Слика од катастрофата во Јапонија во 2011 година. Заслуги: yankane/Shutterstock

За да се тестира идејата биле прегледани податоци од последните 20 години и забележано е дека за време на поголемите потреси на Земјата, Сонцето и Месечината се порамнети и заемно ни влијаат гравитациски. Кога имаме полна Месечина, Сонцето влече од едната хемисфера, а Месечината на другата. Теоретски, овој стрес би можел да предизвика пукање на карпите. Во претходни студии беа истражувани периодите на најсилно влијание од Месечината, за време на фазата нова месечина и тогаш, Сонцето и Месечината се на иста страна од Земјата и нивните гравитациски влијанија се здружуваат и ја влечат полутопката уште посилно. Според истражувањата ова било доволно за да се предизвика силниот потрес од 2011, после кој следуваше цунами кое ја уништи источна Јапонија.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.