После неизвесно попладне за научниците од НАСА, кое вклучувало напнато 30-минутно користење на кочниците, вселенското летало MAVEN конечено пристигнало над Црвената планета. После 10 месечен период поминат низ нашиот Сончев систем, поминувајќи 442 милиони километри, леталото MAVEN сега ја започнува едногодишната мисија за изучување на промените кај атмосферата на Марс.
За да влезе во орбита, леталото ги искористило своите шест погонски мотори како што се доближил до планетата, со цел да обезбеди соодветна ориентација. Како што бил одминат северниот пол на Марс, постигнувајќи брзина од 16 000 километри на час, моторите започнале со полачасовно бавно согорување за да се намали брзината на леталото, со цел да биде превземено од гравитацијата на планетата во нејзината високоелиптична орбита. Триесет и триминутниот маневар го потрошил половина од горивото на MAVEN леталото, меѓутоа за среќа целиот потег бил успешен.
Сега веќе во орбита, леталото ќе влезе во шестнеделна комисиона фаза која ќе го намали орбитацискиот период на леталото од 35 часа до само 4,5 часа за наредната фаза на научно собирање. Потоа MAVEN ќе помине барем една Земјина година (половина Марсова година) собирајќи атмосферски податоци, паѓајќи помеѓу 150 и 6200 километри од површината на Марс.
MAVEN – Mars Atmosphere and Volatile Evolution mission, цели да ги осознае промените на атмосферата на Марс. Поточно, со оваа мисија постои надеж да се открие која била причината за постепеното губење на вода и останати испарливи соединенија како јаглерод диоксидот. За време на претходните неколку милиони години, скоро 99% од атмосферата на оваа планета била расфрлена во Вселената од страна на сончевите ветришта, ефект кој најверојатно настанал заради губењето на заштитното магнетно поле на самата планета. Со собирање на деталните мерења на горниот дел од атмосферата, користејќи осум различни инструменти, научниците се надеваат дека ќе можат да ја пресметаат моменталната стапка со која ја снемува атмосферата. Преку ова, би требало тие да можат ретроспективно да ја согледаат историјата и составот на оваа планета во минатото и нејзиниот потенцијал во постигнувањето на средина подобна за живот.
Дополнително, леталото имаше ретка и возбудлива шанса да го документира прелетувањето на кометата “Sliding Spring“, која помина на доста блиско растојание (третина од растојанието меѓу Земјата и Месечината) покрај Марс, на 19-ти октомври.
MAVEN нема да биде осамена на својата мисија околу Црвената планета, со оглед на тоа што е придружена од 4 други летала, вклучувајчи го и новопристигнатото летало на Индија, Mangalyaan. Mangalyaan е првиот Индиски сателит испратен на Марс и иако има различни цели на изучување, ова летало дополнително ќе собира атмосферски податоци кои потоа ќе бидат споделени и споредени со оние на MAVEN.
„MAVEN ќе ги надополни останатите роботи-истражувачи на НАСА, како и оние на нашите партнери од целиот свет, со цел да ги одговори фундаменталните прашања во врска со Марс и животот надвор од нашата Земја,“ вели астронатутот од НАСА, Џон Грунсфелд.
Превод: Бојан Андоновски
Извор: IFLS