Масивен објект се судрил со Уран

0

Уметничка претстава на Уран и неговата наклонета оска на ротација.

Можеби сте запознаени со една од сложените карактеристики на Уран:

Уран ротира ретроградно односно движејќи се од исток кон запад на ист начин како што орбитираат и неговите месечини. Нови докази го разоткриваат случајот дека Уран учествувавл во огромен судир кој ја предизвикал неговата огромна наклонетост кон оската на ротација и кој можеби ги објаснува и останатите мистерии на планетата.

Нова студија во која се изведени серија симулации претставувајќи го Уран во својата рана историја, забележувајќи околу тоа што влијаело врз неговата стапка на ротација, атмосферата и внатрешната структура кондтатирала дека влијанието можело да остави јасен знак во внатрешноста на планетата која што ја гледаме денес.

Уран е навистина чуден. Не само што ротира со оска наклонета под агол од 98 степени во однос на еклиптиката, но за разлика од другите гасовити џинови, не ослободува повеќе топлина од онаа што ја добива од Сонцето. Неговото магнетно поле, исто така, е доста асиметрично и поместено во споредба со Земјиното. Одредено влијание можеби би можело да ни ги објасни некои од овие негови чудни особини.

Според новата објавена студија, научниците вршат симулации на огромни влијанија врз Уран уште од раните 90ти.

Овој пат, истражувањата изградија нова симулација заснована на најновите и најдобро достапни информации кои ги имаме за составот на планетата. Ова им овозможи да си претстават како одреден објект со огромно влијание, можеби од една до три Земјини маси, би можел “да остави супстанци и енергија во внатрешноста на Уран” и колку остатоци биле оставени, од кои што би можеле да бидат формирани месечините.

“Ова проучување обезбедува еден нов прекрасен увид кон она што би можело да се случи пред милијарди години, со оставени супстанци од самото влијание кои што можеби дури и служат за да заробат дел од топлината во внатрешноста”, вели Леих Флечер, кој што не беше вклучен во проучувањето.

Но ова е само симулација и како што ние секогаш велиме: Сите модели имаат недостатоци, но некои од нив се интересни. Моделите не можат да ни кажат што точно се случило, ќе ни треба уште многу информации и податоци за целосно да ја разбереме приказната на Уран. “Секако, она што навистина ни треба следно е амбициозна роботска мисија која ќе го истражи Уран и неговиот разновиден систем од сателити”, вели Флечер. “Мапирање на гравитацијата, атмосферата и магнетното поле, следејќи го она што го направивме на Јупитер со Јунона и на Сатурн со Касини, тоа би можело да ни обезбеди неколку нови насоки за подобро да ги претставиме овие модели, така што за прв пат ќе ги откриеме тајните на еден огромен леден внатрешен простор.”

Уран навистина е мистерија. Дали луѓето конечно ќе ја преземат задачата да го истражат?

Превод: Анастасија Младеновска

Извор: Physics-Astronomy.com

Сподели.