Мали канали на површината на Марс прераснуваат во структури со форма на пајаци

0

Каналите, кои се формираат како последица на ерозија, се разгрануваат и се чини дека се почетната верзија на „Марсовските пајаци“. Ова се канали со специфична форма, присутни на јужниот поларен регион на Марс.

View post on imgur.com

На снимката се прикажани три слики од камерата HiRISE на орбитерот MRO (Mars Reconnaissance Orbiter). Опфатен е период од три тамошни години. Процесот може да формира големи канали кои се поврзуваат и ги формираат „Марсовските пајаци“. Извор: НАСА/ Универзитет на Аризона

„Пајаците“ се јавуваат со различни големини – од десет, до стотици метри. По многубројни истражувања во текот на последнава деценија, сега за првпат се забележани промените на малите канали кои водат кон формирање на овие структури на површината на Марс. Бидејќи се наоѓаат на песочни површини, не се знае дали ќе продолжат со зголемување, или пак ќе исчезнат поклопени под песокот.

Според досегашните истражувања, се проценува дека се потребни околу илјада тамошни години за ерозијата да го доврши создавањето на овие формации. Инаку, една година на Марс трае 1,9 години на Земјата.

Мали канали на површината на Марс прераснуваат во структури со форма на пајаци

Прикажани се форми на површината на Марс со различна големи и комплексност. Сите се резултат на топење на сезонскиот мраз од јаглероден диоксид кој покрива голем дел од тие региони на јужниот пол во текот на зимата. Извор: НАСА

Замрзнатиот јаглероден диоксид е исто познат како сув мраз. На Земјата не може да настане по природен пат, додека пак на Марс има слоеви кои ја прекриваат површината околу двата пола за време на зимата, вклучувајќи ги и јужните предели каде се наоѓаат овие пајакови формации.

Подеталното објаснување за овие настани кое е прифатено од голем дел научници вели дека пролетното сонце продира во мразот и ја стоплува песочната површина, при што дел од јаглеродниот диоксид од површиата се претвора во гас. Понатаму, овој заробен гас прави притисок сè додека не успее да направи пукнатина во смрзнатите слоеви. Оттука, започнуваат ерупции на гас, песок и прашина. Вака настанува ерозија на земјата и се формираат потемнетите канали.

Овие процеси се тешки за набљудување поради тоа што песокот често ги прекрива каналите, но затоа на јужниот пол има помало количество песок, па така биле направени и снимките од ова истражување.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys

Сподели.