Магична Шведска, разиграна аурора!

0

Успешен рецепт за да се појави северната светлина е: да биде зима за да биде темно; да биде што е можно посеверно за да биде близу до магнетниот пол; и малку среќа или плазмична љубов од Сонцето.

Во јануари 2015, патот ме одведе во Абиско во северниот дел на шведска Лапонија, место кое ќе го најдете на повеќе листи именувани како „Најдобрите места за да се набљудува аурора“.

Заедно со уште шестмина пријатели се упативме кон ова магично место опколено со брезова шума во близина на замрзнатото езеро Тунетреск (Torneträsk).

Лина гледа кон замрзнатото езеро Тунетреск. Авторски права: Софија Спировска

Таму ги имав сите состојки за успешниот рецепт, плус уште една која не ја планирав, а сепак беше тука сакала или не – полната Месечина. Последната состојка направи ноќта да биде посветла од денот без Сонце. Бидејќи во Лапонија, сред зима, Сонцето не се крева над хоризонтот, па во облачни денови владее состојба на постојан самрак. Ако е ведро, розовиот сјај од нашата матична ѕвезда се наѕира зад планините и ја прави глетката кон природата надреална. За потполно доживување на ова уникатно место, кога е многу тивко, а најчесто е, може да се слушне далечен татнеж од пукањето на мразот.

Аурора Бореалис

Арктичкиот круг носи сурова убавина во себе. Треба скапо да се плати цената за глетка од милиони долари. Вистинска жртва се бара од секој кој тргнува во потрага по аурора. Па така, стоење по неколку часа на ладно време се подразбира и очекува.

Хало околу полната Месечина и тенки млазеви на зелена светлина. Авторски права: Софија Спировска

Хало околу полната Месечина и тенки млазеви на зелена светлина. Авторски права: Софија Спировска

А воедно, аурората тестира дали навистина сте доволно вредни за неа. Нас нè искушуваше два дена. Првата вечер се појави сосема кратко, но доволно за да се изнавикаме од возбуда. Потоа исчезна и целиот следен ден се надевавме дека ќе ја видиме повторно, но таа ноќ не се појави.

Магична Шведска, разиграна аурора!

Прва ноќ, неизмерна среќа! Авторски права: Софија Спировска

Ја бркаме аурората со погледот. Авторски права: Софија Спировска

Ја бркаме аурората со погледот. Авторски права: Софија Спировска

Тотално разочарана, посакував само една неверојатна глетка која би ми била доволна до крајот на престојот. За среќа, понекогаш желбите се остваруваат!

Третата среќа значеше посета на Aurora Sky Station – скапо задоволство на надморска височина од околу 900m со поглед кон целата околина, езерото Тунетреск и Абиско во подножјето.

Полната Месечина ја рефлектира својата светлина од облаците и снегот и ја прави ноќта посветла од денот. Сликано над Aurora Sky Station. Во подножјето е Абиско, а помеѓу облаците и планините се провлекува северната светлина. Авторски права: Софија Спировска

Тукушто стигнавме над станицата, се појави аурора над нас. Беше како ништо што досега сум го видела, а истовремено ме преплавија чувства на среќа и возбуда и радост и понизност и благодарност!

Се појавува и засилува. Авторски права: Софија Спировска

Се појавува и засилува. Авторски права: Софија Спировска

Кога се смири небото, влеговме да се стоплиме во станицата. Само што ја соблеков зимската опрема, некој викна: “Lights“!!!

Алармот е јасен. Надвор со апаратот, а во брзање ракавиците и капата останаа зад мене. Оваа постапка ја повторив уште еднаш, зашто човек учи додека е жив, но не секогаш од прва.

Аурора и полна Месчина од Aurora Sky Station. Авторски права: Софија Спировска

Аурора и полна Месчина од Aurora Sky Station. Авторски права: Софија Спировска

Смрзнатите прсти на рацете вредеа за можеби најспектакуларното нешто што сум го видела. Аурора имаше насекаде; се појавуваше на сите делови од небото и се движеше многу брзо. Сите тивко се восхитуваа, освен малата македонска група, која нормално гласно извикуваше од восхит!

Разиграна аурора над нашите глави. Авторски права: Софија Спировска

Разиграна аурора над нашите глави. Авторски права: Софија Спировска

Три зелени снопа како да извираат од планината! Авторски права: Софија Спировска

Три зелени снопа како да извираат од планината! Авторски права: Софија Спировска

По ваква ноќ, тешко се заспива. А, северната светлина знае да цени ваква радост и почит. Дојде да се поздрави со нас следната ноќ и ги заслепи Месечината и уличните светилки.

Само што дојде падна ноќта, а таа веќе се појави! Авторски права: Софија Спировска

Само што падна ноќта, а таа веќе се појави! Авторски права: Софија Спировска

Аурората „излегува“ од нашата куќа во STF Abisko Touriststation. Авторски права: Софија Спировска

Аурората „излегува“ од нашата куќа во STF Abisko Touriststation. Авторски права: Софија Спировска

Целото небо блештеше од зелените линии кои се движеа на сите страни на небото.

Наскоро, целото небо беше прошарано од северната светлина. Авторски права: Софија Спировска

Наскоро, целото небо беше прошарано од северната светлина. Авторски права: Софија Спировска

Зелени линии го сечат северното небо. Авторски права: Софија Спировска

Зелени линии го сечат северното небо. Авторски права: Софија Спировска

Кога дојде моментот да заминам, фрлив уште еден последен поглед кон ова магично место. Си помислив „се гледаме повторно“.

Се гледаме повторно! Авторски права: Софија Спировска

Се гледаме повторно! Авторски права: Софија Спировска

Текст: Софија Спировска

Сподели.