„Лебдечка лажица“ на Марс

0
„Лебдечка лажица“ на Марс

Можете ли да забележите нешто невообичаено?

Имаме видено стаорци, игуани, жена која го набљудува роверот за време на неговото патување, лица во песокот и совршено обликувани пирамиди. Сега, ви претставуваме…

„Лебдечка лажица“ - необична структура за која се претпоставува дека ја создале ветровите на Марс. Заслуги: Rover/NASA

„Лебдечка лажица“ – необична структура за која се претпоставува дека ја создале ветровите на Марс. Заслуги: Rover/NASA

Најновиот случај на Марсовска пареидолија излезе на површина, овојпат во облик на лебдечки прибор за јадење.

Структурата со своето соколово око ја забележале членовите на форумот Unmanned Spaceflight, на фотографијата направена од роверот Кјуриосити на Марс на 30-ти август. Оние кои веруваат во цивилизации на други планети, древни или од некаков поинаков тип, на ова гледаат како на уште еден доказ дека има, или некогаш постоел интелигентен живот на Марс. Сепак, овие чудни камени структури можат многу лесно да се објаснат, делумно од појавата пареидолија (психолошки феномен кој прави умот да перципира значење каде истото не постои), а делумно од необичниот начин на кој е создаден пејзажот на Марс.

Според Discovery, ретката атмосфера на Марс, во комбинација со слабото гравитациско привлекување, создава услови за ветерот да може да формира уште покомплицирани и понеобични структури од оние кои ги имаме на Земјата. Марс искусува голем број интересни појави, од мали вртлози од прашина до бури кои ја зафаќаат целата планета. Оваа голема разноликост во временските услови создава секакви бизарни и софистицирани структури, како лаци и лебдечки форми, во кои спаѓа и оваа „лажица“ со својата долга сенка.

Превод: Марина Димовска

Извор: IFL Science

Сподели.