НАСА објави дека по втор пат во текот на последните две години бил детектиран метан на површината на Марс од страна на роверот Кјуриосити (Curiosity). Потеклото на метанот не е познато и не е утврдено дали метанот воопшто потекнува од Марс. Во секој случај, ова е засега најсилниот доказ за постоењето на живот во минантото на Марс.
Постојат три најверојатни сценарија за потеклото на овој метан. Првото е потекло од органскиот живот на Марс кој постоел во минатото. Понатаму, можно е појавата да се должи на реакции на водата со минералите под површината на планетата. Или пак, метанот е донесен од некое друго тело од Сончевиот систем, како космичка прашина или микрометеорити.
Се чини дека метанот откако бил создаден, постоел под површината во форма на гасни замрзнати кристали, наречени клатрат хидрати.
Метанот е нестабилен и периодично се губи во атмосферата. Се разнесува низ површината на планетата преку ветриштата во период од неколку месеци, потоа оксидирира и со тек на времето се разградува како CO2 во атмосферата. НАСА ќе продолжи да ја истражува површината на Марс, во исчекување на повторна појава на метан и можеби утврдување на неговото потекло.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: IFLS