Неодамна на снимките од роверот Кјуриосити се појави мистериозна светлина на површината на Марс и очекувано, настанот предизвика бурни реакции и создавање на многубројни теории во врска со нејзиното потекло.
Од НАСА сеуште немаат официјален и конечен одговор за тоа што ја предизвикало појавата на оваа светлина на фотографиите од Кјуриосити. Но, се смета дека најверојатно станува збор за космички зраци кои поминале преку некој процеп во десниот дел од камерата и затоа се појавуваат на фотографиите. Другото логично објаснување вели дека светлината е всушност рефлексија од некој камен и по некоја случајност е зафатена од вистинскиот агол само во десното око и затоа се појавува само на една од камерите.
Секако дека овие претпоставки не ја задоволуваат целата јавност, па така на многу интернет портали се појавуваат теории за НЛО, вонземјани кои живеат под повржината итн.
Научниците сметаат дека појавата на оваа светлина не е доволна причина за роверот да ја паузира планираната мисија и да посвети повеќе време на дополнителни истражувања.
Извор: www.iflscience.com
Превод: Михаела Стојанова