Кинескиот „Зајак од жад“ е во пензија

0

Во декември 2013 година, кинеската сонда Chang’e (Божица на Месечината) се спуштила на Месечината, а во багажникот носела ровер со име Yutu (Зајак од жад) којшто имал шест тркала и соларни крила. Цела Кина била вклучена во барањето име за сондата и роверот. На крај било одлучено да добие име по белиот зајак од кинеската митологија, којшто бил домашно животно на божицата на Месечината, Chang’e, и кои заедно живееле на Месечината. Yutu можел да вози со брзина од 200 метри на час и да совлада угорница од 30 проценти. Задача на роверот била да ја истражи структурата на Месечината и да пронајде сировини. За 10-15 години планирано е кинески астронаут (тие го нарекуваат тајконаут) да се спушти на Масечината.

После 972 дена на Месечината, кинескиот ровер ја заврши својата работа. Мисијата ја направи Кина трета нација која се спуштила на Месечината, после САД и тогашниот Советски Сојуз. Првобитно било планирано мисијата да трае само три месеци, но се продолжила на повеќе од 31 месец, повеќе од две и пол години.

Неколку пати се мислело дека кинескиот ровер откажал. Одговорните во Кинеската Вселенска Организација дигнале раце од Yutu, но тогаш роверот повторно почнал да испраќа сигнали. Сепк, тогаш сметале дека нема да ја преживее ноќта на Месечината. Меѓутоа, се случил позитивен пресврт и роверот повторно почнал да прифаќа наредби и да испраќа слики на негова фреквенција.

Во почетокот на август Yutu се збогувал од јавноста со присуство од милиони Кинези. Официјалната вест е соопштена во прво лице: „Сè уште постојат многу прашања на коишто треба да одговорам, но јас сум зајак којшто видел најмногу ѕвезди! Месечината вели дека за мене спремила многу долг сон.“ На овој начин кинеската јавност му посакала „добра ноќ“ на белиот зајак. Пораката веќе по неколку минути била споделена 100 000 пати, со многу лајкови и коментари.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.