Кеплерови закони

0

Првиот Кеплеров закон кажува дека планетите се движат по елипси околу Сонцето и дека Сонцето се наоѓа во едниот фокус на елипсата.

Точките F1 и F2 претставуваат фокуси на елипсата. Најблиската, до Сонцето, точка од орбитата на планетата се нарекува перихел, а најодалечената од него точка се нарекува афел. Елипсата е крива која има две полуоски: голема (а) и мала (b). Големата полуоска на елипсата претставува средно растојание на планетата од Сонцето. Средното растојание од Земјата до Сонцето се нарекува астрономска единица и изнесува 1 AU = 149 600 000 км. Орбитите на планетите претставуваат многу слабо сплеснати елипси и скоро да не се разликуваат од кружници.

Вториот Кеплеров закон гласи: При движењето на планетите околу Сонцето нивните радиус вектори опишуваат еднакви плоштини за еднакви временски интервали.

Согласно овој закон, планетата кога е поблиску до Сонцето се движи со поголема брзина одколку кога е подалеку од Сонцето. Планетата има максимална брзина кога поминува низ перихелот и минималма – кога поминува низ афелот.

Третиот Кеплеров закон гласи: Квадратите на периодите на обиколка на планетите околу Сонцето се однесуваат така, како кубовите на нивното средно растојание до Сонцето:

Овде r1 и r2 се средните растојанија (големите полуоски на елипсите) на било кои две планети до Сонцето, а Т1 и Т2 се нивните периоди на обиколка околу Сонцето.

Сподели.