Кеплер откри досега најслична планета на Земјата

0
Заслуги: NASA

Заслуги: NASA

Астрономите на НАСА открија планета со големина многу слична на Земјата, која орбитира околу своето сонце во населивата зона.

Кеплер, телескопот на НАСА вреден 600 милиони американски долари, е лансиран во 2009 г. со цел да пронајде “нова Земја”. Оттогаш, со него се откриени 960 планети кои кружат околу своите ѕвезди. Половина од нив се карпести планети, а според авторот на студијата “Elisa Quintana”, оваа е првата потврдена планета која е толку слична на Земјата и е наречена Кеплер – 186ф. Ова откритие е објавено пред неколку дена во списанието “Сајанс”.

Кеплер – 186ф е 1.1 пати поголем од Земјата, што значи дека е карпест, а неговата маса според процените на истражувачите е 1.5 пати поголема од Земјината. Орбитата на оваа планета го сместува на вистинска оддалеченост од сонцето – ниту е предалеку ниту преблиску за да не постои течна вода.

Ѕвездата околу која Кеплер – 186ф кружи е црвено џуџе – двојно помала од нашето Сонце, што ја прави поладна и помалку светла. Колку за споредба, кога би стоеле на површината на Кеплер – 186ф напладне, кога има највеќе светлина, светлината која би ја примила од своите ѕвезди би била еднаква на онаа, која Земјата ја има еден час пред да зајде Сонцето. Но, Кеплер – 186ф има поблиска орбита до сонцето отколку Земјата. Така, на оваа планета и требаат 130 дена за да го заобиколи. Иако прима помалку топлина од своето сонце, температурата на оваа планета би можела да биде двојно повисока за да не мрзне, под услов да има атмосфера која овозможува ефект на стаклена градина.

Температурата на планетата може да се спореди со температурите наутро или навечер во пролет на Земјата.

Од 1995 г. астрономите забележале 1.700 светови кои орбитираат околу своите ѕвезди. Во последните години потврдено е постоењето на 6 планети поголеми од Земјата, кои се наоѓаат во населивите зони околу црвените џуџуиња.

По Кеплер – 186ф, следен најверојатен кандидат за постоење на живот е планетата која е поголема од Земјата за 1.4 пати. Нејзината ширина е 1.75 помала од Земјината. Дали има на оваа планета атмосфера која би овозможила живот на неа зависи од многу фактори, а не само од нејзината орбита. Така, на површината на Венера температурата е толку висока што би можела да отопи олово, а на Марс недостатокот од силно магнетно поле му овозможило на соларниот ветер да ја “издува” неговата атмосфера. Постоењето на магнетното поле е особено важно за планетите кои кружат околу црвените џуџуиња, бидејќи за таквите ѕвезди се карактеристични соларни огнови, од кои се испушта многу енергија која би ја “стерилизирала” планетата. Според научниците, фактот дека некоја планета се наоѓа во населивата зона, не значи и дека таа навистина е населива, тоа е само прв чекор.

Спред некои научници, поголемата маса на Кеплер – 186ф значи дека постои и поголема можност, отколку на пример, на Марс, чија внатрешност е радиоактивна загреана, каде флуидите се движат и мешаат. Таквата подвижност на флуидот е потребна за да се придвижи динамото кое создава магнетно поле, како и вулкани чии ерупции помагаат во создавањето на атмосфера погодна за живот. Се поставува прашањето дали има вода на оваа планета.

За жал, Кеплер – 186ф е премногу оддалечен и темен за да се види со некаков телескоп, па дури и со вселенскиот телескоп Џемс Веб, кој НАСА планира да го лансира во 2018 г. На планетата ќе треба прво да се проучи нејзината атмосфера и нејзиниот ефект од стаклената градина, што е многу тешко остварливо поради нејзината оддалеченост од Земјата.

Извор: National Geographic

Превод: Петар Ивановски

Сподели.