„Ќе најдеме вонземски живот во нашиот животен век”

0
СЕТИ користи 305-метарски телескоп наречен Аресибо - најголем во светот - за скенирање на небото трагајќи по сигнали од вонземски цивилизации во текот на целата година. Заслуги: опсерваторија Аресибо

СЕТИ користи 305-метарски телескоп наречен Аресибо – најголем во светот – за скенирање на небото трагајќи по сигнали од вонземски цивилизации во текот на целата година. Заслуги: опсерваторија Аресибо

Луѓето веќе долго време се прашуваат дали сме сами во универзумот. Според научниците кои работат на институтот СЕТИ (Search for ExtraTerrestrial Intelligence), прашањето може да се одговори во блиска иднина.

„Не е докажано дека постои било каков живот надвор од Земјата“ изјви Сет Шоштак, долгогодишен истражувач и астроном од СЕТИ Институтот, на средбата во Домот на Комитетот за наука, вселена и технологија за време на средбата на 21 мај. „Но мислам дека таа ситуација ќе се промени за време на животниот век на сите во оваа соба.“

„Научниците го бараат животот надвор од Земјата користејќи три различни методи”, додаде Шоштак.

Првиот метод вклучува од пребарување на микробиолошки вонземјани или нивни остатоци. Истрагите вклучуваат роботски мисии на Марс, како што се Кјуриосити (Curiosity) и Опортјунити (Opportunity) кои се во потрага по знаци дека Црвената планета би можела да некогаш да биде домаќин на потенцијално погодни средини за живот.

Видео во кое се објаснети 4-те клучни прашања во потрагата по вонземскиот живот

Локални погодни светови за населување?

Но Марс не е единствената цел во Сончевиот систем. Всушност, Шоштак изјави дека постојат „Најмалку половина дузина други светови” во соседството на Земјата, кои имаат потенцијал да бидат населени. Ледените месечини на Јупитер, како Европа и Ганимед, кријат подземни океани, додека најголемата месечина на Сатурн, Титан, езера од течен метан, така што сите може да бидат потенцијални домови за одредени форми на живот.

Втората техника вклучува испитување на атмосферите на планетите кои се во стабилна орбита околу други ѕвезди во потрага по кислород или метан како и други гасови кои може да бидат произведени од страна на биолошки процеси. Како набљудуваната планета поминува помеѓу Земјата и нејзиното сонце, нејзината доволно густа атмосфера може да биде забележана.

Шоштак изјави дека и двете од овие методи би можеле да дадат резултати во наредните две децении.

Третата техника вклучува не само потрага по живот, туку потрага по интелигентен живот – проект во кој СЕТИ се пионери. Во потрагата по сигнали од најразличен спектар низ целата галаксија, СЕТИ се надева да најде намерни или случајни преноси од вонземски цивилизации.
Утврдувањето на стапката на успех на една ваква програма е тешко, но Шоштак рече дека најоптимистичките проценки покажуваат дека реална шанса за успех ќе има по испитувањето на неколку милиони ѕвездени системи. Досега, СЕТИ има истражено помалку од 1 отсто од тие системи. Сепак, Шоштак очекува тој број да се зголеми со самиот напредок на технологијата.

„Со оглед на моменталниот развој на технологијата, гледањето во неколку милиони ѕвездени системи може да се направи во следните 20 години”, рече.

„Преполно со … живот”

Телескопот на НАСА Кеплер, откри дека планетите ги има во изобилство во нашата галаксија. Секоја од 4-те милијарди ѕвезди во нашата галаксија имаат во просек по 1,6 планети во орбита околу себе, а една од пет од тие планети се најверојатно „роднини со нашата Земја.” Тоа значи дека постојат десетици милијарди погодни планети, потенцијално, само во Млечниот Пат.


„Ако ова е единствената планета на која се има појвено не само живот, туку интелигентен живот, тоа би било навистина многу невообичаено”, изјавил Шоштак. На Земјата животот се појавил во првите милијарда години од 4,5 милијарди годишната историја на планетата. Неговиот брз развој сугерира дека би можел да се развие така брзо и на друго место, што може да резултира со изобилие на живот на многу планети низ галаксијата.

„Се сомневам дека универзумот е преполн само со микроби” и изјави на комисијата Дан Вертимер, директор на СЕТИ Истражувачкиот центар при Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

Колку може да биде интелигентен тој живот е сосема друго прашање. Од една страна, иако животот се појави во раните фази од создавањето на Земјата, прво комплексен, а потоа и интелигентен, нему му требаше многу подолго време да се развие. “Ова место е преплавено со животот, и речиси во секое време, неопходен е микроскоп за да го видиме”, рече Шоштак.

Сепак, Вертимер истакна дека интелигентниот живот еволуирал во неколку видови на Земјата. Тој сугерираше дека некои планети развиваат селективен начин на притискање на еволуција во развој на различни карактеристики. На една планета, може да биде многу корисно за животот да биде брз, додека на другите, тој мора да биде силен за да преживее.

„Мислам дека ќе има планети во универзумот на кои ќе биде предност да се биде паметен“, рече Вертимер.

Извор: Space.com

Превод: Боро Костевски

 

Сподели.