Касини забележа формирање на облаци на Титан

0
Камерите на леталото Касини забележаа формирања на облаци кај северниот пол на Сатурновата месечина Титан.

Камерите на леталото Касини забележаа формирања на облаци кај северниот пол на Сатурновата месечина Титан.

Вселенското летало Касини забележа облаци кои се движат над северното море на Титан. Оваа климатска активност може да е доказ за почетокот на летните бури кои се веќе одамна предвидени. Леталото ги направило снимките при крајот на Јули над северниот пол, поточно над морето Ligeia Mare, составено од метан. Според мерењата на движењата на облаците тамошните ветришта се движат со брзина од 3 до 4.5 метри во секунда.

Неколку години откако Касини пристигна во системот на Сатурн научниците ги набљудуваа активностите на облаците во близина на јужниот пол на Титан при крајот на летата. Но, по големата бура која ја зафати оваа замрзната месечина во 2010 година, само неколку мали облачиња можеа да бидат забележани над површината на целиот сателит. Малите облачни движења и активности ги изненадија научниците бидејќи со компјутерските симулации се предвидува дека на Титан би се зголемило присуството на облаци кон север за време на летото.

Со снимките од Касини, направени за време на неговото заминување од месечината, се гледа како облаците над големото море од метан се создаваат и потоа разретчуваат во текот на два дена. Извор: НАСА

Сега, ќе се работи на тоа да се дознае дали снимена појава е дел од веќе предвидените климатски прогнози или пак, станува збор за самостојна појава. Исто така, дали е само случајност што Касини ги забележа облаците над морските површини или пак, тие навистина се создаваат претежно таму?

Една година на Титан трае колку 30 години на Земјата, што значи дека една сезона е долга околу 7 наши години. Набљудувањето на сезонските промени на Титан ќе остане една од главните задачи на Касини, па се надеваме дека ќе се најде одговор на дел од овие прашања.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: phys.org

Сподели.