Леталото Касини (Cassini) на НАСА повторно испрати восхитувачка, но истовремено и значајна за науката, фотографија од далечно небесно тело. Овојпат се работи за Сатурновата месечина која е четврта по големина, при нејзиниот транзит преку планетата.
Набљудувањето на транзитот им овозможува на астрономите да дознаат информации за орбитите на планетите и нивната атмосфера. Преку темелно набљудување на патувањето на месечината преку нејзината планета, астрономите можат точно да ги определат параметрите на орбитите на Сатурновите месечини.
Фотографијата е направена на оддалеченост од околу 2.25 милиони километри од Сатурн, додека нејзиниот замрзнат сателит Диона доаѓа во преден план при нејзиниот пат околу планетата.
Превод: Марина Димовска
Извор: IFL Science