Како водата ја менува приказната за потеклото на Месечината?

0

Слика од видео симулацијата на сегашниот модел на формирањето на Месечината, во кој прото-Земјата била удрена од тело со големина на Марс пред 4,4 до 4,5 милијарди години. Заслуги: Мики Накаџима и Дејв Стивенсон

Извонредно е колкава разлика малку вода може да направи. Месечината се формирала пред 4,4 до 4,5 милијарди години, кога објект се судрил со прото-Земјата, која сеуште се формирала. Овој судар создал жежок диск од материјал, делумно претворен во гас, кој се вртел околу младата планета и евентуално се оладил, собрал и стврднал за да ја создаде Месечината каква што ја знаеме денес.

Со години, научниците мислеа дека како резултат на сударот водородот се оттргнал од молекулите на вода и заедно со други елементи со ниски точки на вриење (таканаречени „испарливи елементи“) избегал од дискот и бил изгубен во вселената. Ова би го предизвикало создавањето на сува Месечина сиромашна со испарливи супстанци, што беше поддржано со претходни анализи на месечеви примероци.

Но актуелни истражувања за хемијата на Масечината откриваат дека можеби таа е повлажна отколку што отпрвин се мислеше, што доведува во прашање некои аспекти на моменталната приказна за потеклото на Месечината.

„Ова е сеуште област која активно се испитува, па има многу работи поврзани со количеството на вода на Месечината кои нашите научници, вклучувајќи го и нашиот научник при одделот за терестријален магнетизам, Ерик Хаури, како и многу други колеги и диплоmци од Карнеги, ги откриваат. Ова е многу важно и предизвикувачко прашање за одговарање, знаејќи дека имаме многу ограничено знаење за историјата на месечевите води“, објасни Мики Накаџима при универзитетот Карнеги Мелон, кој заедно со Дејв Стивенсон од Калтек се одлучил да одреди дали доминантните теории за создавањето на Месечината треба да се променат за да ги вклучат и понеодамнешните повисоки проценки за водата на Месечината.

Тие создале високо детални модели за да одредат дали постоечките теории за создавањето на Месечината би можеле да објаснат водена Месечина која сепак е сиромашна со други лесно испарливи елементи, како калиум и натриум.

Тие моделирале различни температурни услови и водени количества на месечино-формирачкиот диск. На повисоки температури, дискот го доминирале силикатни пареи, кои доаѓале од испарувањето на мантиите (обвивките од магма) на прото-Земјата и нејзиниот разбивач, со релативно мало количество на водород оттргнат од вода. На пониски температури, дискот бил доминиран од вод, од која водородот не се оттргнува во овој температурен опсег, правејќи го неговиот механизам за оттргнување од водата многу неефикасен.

„Добра вест е тоа што нашите модели покажуваат дека влажната Месечина не е несовпадлива со потекло од џинивски судир“, објасни Накаџима.

Како и да е, тоа значи и дека научниците треба да дадат други објаснувања за месечевата сиромашност со калиум, натриум и други лесно испарливи елементи. Постојат и други можности: можно е лесно испарливите елементи во дискот да паднале на Земјата наместо да избегаат или да бидат дел од месечевата формација. Или можеби и биле дел од Месечината на почетокот, кога за првпат се составила од пост-сударниот диск, но потоа биле изгубени.

Превод: Јоаким Јаковлески

Извор: Phys.org

Сподели.