Црната дупка која ја имаме во центарот на нашата галаксија не е добра за формирањето на ѕвезди, но астрономите дури сега ја потврдија причината за тоа.
Лесно е да се замисли како супермасивните црни дупки ненаситно го грабаaт и проголтуваат целиот материјал во галаксијата, од кој порано или подоцна ќе се формираат ѕвезди, но тоа не е проблемот. Преголемото доближување до црна дупка би било фатално, но областа од каде што се хранат е многу мала во галаксијата. Од друга страна, познато е дека некои галаксии го имаат потрошено својот молекуларен водород и најверојатно за ова виновни се црните дупки.
Бидејќи за создавање на ѕвездите им е потребен водород, галаксиите каде ова се има случено се големи, статични, безживотни места со многу мала формација на ѕвезди. Иако постојат модели направени за да се објасни како се истиснува гасот, ни недостасува подршка од набљудувани наоди.
Во списанието Nature, професорот Клајв Тедхантер (Clive Tadhunter) од Универзитетот Шефилд, открива докази дека изливот на наелектризираните честици од јадрото на Сејфертовата галаксија IC 5063 го удираат топлиот молекуларен гас во западниот заоблен дел на галаксијата. Гасот достигнува брзина до 2 милиони км/час во зависност од галаксичкиот диск.
Сејфертовите галаксии имаат многу светол центар кој што наликува на квазар, но галаксијата што го обиколува е видлива. Црните дупки во нивната срж се големи дури и по стандардите на супермасивните црни дупки. IC 5063 е една од поблиските такви галаксии и затоа е повеќе проучувана.
Теоријата дека млазови од црните дупки ја движат материјата од краевите на галаксијата не е нова, но за нејзино потврдување недостасуваат директни докази. Фактот дека огромната црна дупка во центарот на IС 5063 може да има такви ефекти не докажува дека тоа е движечката сила која ја имаат галаксиите кога го испуштаат гасот. И покрај тоа, во списанието се вели: „Овие резултати ја покажуваат генералната изводливост на забрзаните молекуларни истекувања предизвикани од активни јадра.“
„Голем дел од гасот е во форма на молекуларен водород, кој што може да биде уништен од страна на релативно мала енергија“ вели Тедхантер. „Невообичаен е фактот што молекуларниот гас се забрзан од млазови од електрони се движи со брзина блиска до онаа на светлината.“
Судирот на Млечниот Пат со Андромеда се очекува да се случи за 5 милијарди години. Соединувањето на двете црни дупки може да направи многу активно галактичко јадро, кое би водело до млазови со доволно моќност да го испуштат преживеаниот водород од двете галаксии, што би резултирало со намалено создавање на ѕвезди.
Превод: Мартина Вељановска
Извор: IFLS