Како се создала Месечината?

0
Како се создала Месечината?

Сударот од кој се создала Месечината. Заслуги: Hagai Perets Nature

Настаните кои довеле до создавањето на Месечината може да не биле толку неверојатни како што се мислеше досега. Објавени се две истражувања на оваа тема во списанието Nature. Според теориите, Месечината играла клучна улога за развојот на животот на Земјата. Се разгледува и прашањето зошто овие две тела имаат толку сличен хемиски состав. Како што астрономите почнаа да го откриваат Сончевиот систем, открија колку всушност е необична нашата Месечина. Останатите сателити се мошне помали, особено во споредба со плантите околу кои орбитираат.

Постојат многу теории за настанокот на Месечината, но единствената која се чини дека останува актуелна и непобиена е теоријата за сударот на Земјата со тело со големина на Марс. Од ударот се распркале огромни количества на карпи и материја од двете тела. Дел од нив се вратиле кон Земјата, но од остатоците се оформила Месечината. Иако ваквите судари во тоа време биле честа појава, сепак според моделите потребно било да се случи низа од точно одредени настани за да се добие тело како Месечината. На пример, објектот кој се судрил во Земјата потребно е да имал точно одредена големина, брзина и да удри под точно одреден агол. Исто така, хемискиот состав на објектот би требало да е сличен со оној на Земјата, бидејќи од земените примероци нема големи разлики помеѓу Земјата и Месечината. Според некои проценки, шансите за ваков настан се околу 1%. Според другата студија пак, се смета дека објектот со кој Земјата се судрила немал сличен состав, туку при ударот се извршила размена на материите и затоа Месечината и површината на Земјата добиле сличен состав.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.