Како изгледа центарот на Млечниот Пат?

0
Како изгледа центарот на Млечниот Пат?

Слика во спектарот на Х-зраци на дел од Млечниот Пат. Заслуги: ESA/XMM-Newton/G. Ponti et al. 2015

Овие фотографии го откриваат извонредниот поглед на некои од настаните кои се случуваат во Млечниот Пат, а воедно и ги покажуваат нивните ефекти врз околината. Сликите претставуваат збир од повеќе фотографии, кои се простираат на 1000 светлински години и биле составени од месечната вредност на податоците во Х-зраци од рентгенската опсерваторијата XMM-Newton на Европската Вселенска агенција (ESA), која орбитира околу Земјата.

Најочигледната карактеристика е светлиот регион со облаци кон десната половина на сликата, кој го претставува центарот на Млечниот Пат. Причината за постоење на овој регион е двострана. Прво, моќните ветрови од млади ѕвезди и супернови создаваат облаци од гас. Второ, супермасивната црна дупка на нашата галаксија, Стрелец А* (Sagittarius A*), е сместена во центарот во овој замаглен регион.

Со маса од неколку милиони пати од онаа на Сонцето, големото гравитациско привлекување од  Стрелец A* е прашање на привлекувањето од неговата околина. Овој процес ослободува големи количества на Х-зраци, правејќи го „светло“ во споредба со останатите објекти на сликата. Над и под црната дупка се наоѓаат два региони од гас, кои биле исфрлени надвор од црната дупка.

Во долниот десен агол од Стрелец A* може да се види супер-балон од топол гас во издолжена форма. Се претпоставува дека бил формиран од неколку супернови.  За овој балон се знаело дека постои, но ова докажува дека се работи за еден, а не неколку наредени едни врз други.

На другите места на фотографијата има неколку мали точки. Тоа се бинарни ѕвездени системи каде една ѕвезда го достигнала крајот на својот живот и станала неутронска ѕвезда или црна дупка. Високата густина на овие објекти значи дека тие проголтале многу маса од нивните придружнички, произведувајќи огромни количини на Х-зраци со загревањето на влезниот материјал.

Како изгледа центарот на Млечниот Пат?

На оваа фотографија се прикажани Х-зраци создадени од тешки метали. ESA/XMM-Newton/G. Ponti et al. 2015.

Сликата  погоре била составена со мерење на емисијата на Х-зраци од тешки елементи вклучувајќи ги силициум, сулфур и аргон. Тие обично потекнуваат од ѕвезди кои експлодираат како супернова. На втората слика појасно може да се видат регионите од црната дупка и супер-балонот.

На истата фотографија, бледи изливи од „топла плазма“ можат да се видат на врвот и дното од сликата во црвена боја. За оваа плазма се верува дека потекнува од ѕвездено создавање на центарот на Млечниот Пат, или пак може да е остаток од времето кога Стрелец A*  била поактивна во нејзиното далечно минато.

На страна од сето тоа, сликите се навистина фасцинантни за гледање, особено доколку се има на ум дека секоја точка претставува извор на светлина каде има исклучително енергетски настан, кој испушта Х-зраци.

Превод: Марко Панушковски

Извор: IFL Science

Сподели.