Како да видите црна дупка?

0

Црните дупки се едни од најекстремните феномени во природата. Тие претставуваат крајна граница на закривувањето на време-просторот. Поради ова, не треба да чуди што некои од најмодерните и најголеми телескопи на денешницата се ангажираат во проучувањето на особините на црните дупки и како тие реагираат во контакт со својата околина.

Но, се поставува прашањето дали постои некој начин со кој човекот со сопствени очи и со телескопи со радиус од само 20 сантиметри може да види што црните дупки можат да направат.

Како да видите црна дупка?

Кога активноста на црната дупка е зголемена, може да се набљудува како видлива светлина. При тоа, брзите промени на сјајот на гасот во околината на црната дупка претставуваат директен индикатор на присуство на црната дупка. Илустрација: Eiri Ono (Kyoto University, Japan)

Општо гледано, црните дупки испуштаат огромни количини на радијација и потребни се набљудувања во спектарот на гама, Х-зрачење и радио спектарот од следните причини: Кога црната дупка ќе дојде во активна состојба, таа е често затскриена од околниот гас и прашина, што овозможува да се забележи интеракција на црната дупка со околната материја. Но, според новите сознанија на набљудувачките податоци, се укажува на тоа дека можеби црните дупки можат да се набљудуваат во видливиот спектар, односно да се видат визуелно со сопствени очи.

Според набљудувачкиот тим од Универзитетот од Кјото, Јапонија, сега може да се набљудуваат црните дупки врз основа на оптичкиот спектар, односно црните дупки сега може да се набљудуваат, а да не се користат скапи вселенски телескопи во Х и гама зрачење.

Некои црни дупки претставуваат дел од бинарен (двоен) систем, при што доаѓа до преминување на материјата на црната дупка, со што повремено доаѓа до блесок кога ќе се ослободат огромни количина на енергија во вид на Х-зрачење. Блесокот на бинарниот систем V404 Cyg, скриен 26 години, конечно е внимателно набљудуван од страна на Универзитетот од Кјото.

Како да видите црна дупка?

Преглед на кривите во повеќе бои (оптички домен) и напоредно со Swift/BAT кривата на сјајност (во спектарот на Х-зрачење) V404 Cyg во текот на јуни и јули во 2015 г. Исцртаните кругови претставуваат просечни вредности во период од 0.67 дена. Извор: www.nature.com

Научниците ги набљудуваа брзите промени на сјајот на системот на V404 Cyg во оптичкиот спектар и тие совршено се поклопуваат со брзите промени на Х-зрачење, кои се спроведени на истиот објект во исто време. Извесно е дека Х-зрачењето со висока енергија го загрева гасот во далечното подрачје од централниот регион на црната дупка, подигнувајќи ја температурата на гасот дотолку, што се ослободува и видливо зрачење.

Значи, изнесете ги своите телескопи надвор и можете да ги набљудувате црните дупки со сопствени очи!

Превод: Петар Ивановски

Извор: Астрономски Магазин

Сподели.