Истражувачи во Универзитетот на Колорадо Болдер помогнале да се пронајде последниот резервоар на обична материја кој се крие во вселената.
Обичната материја, т.е. „бариони“ ги сочинува сите физички предмети кои постојат, од ѕвезди па сѐ до центарот на црните дупки. Но, до скоро астрофизичарите можеле да лоцираат само две третини од материјата која теоритичарите предвиделе дека била создадена од Биг Бенг.
Во новото истражување, интернационалниот тим ја пронашол третината која недостасувала во просторот помеѓу галаксиите. Таа загубена материја постои како филаменти од гасовит кислород на температури од еден милион степени Целзиусови, изјавил Мајкл Шул кој е ко-автор на студијата.
Пронајдокот е голем чекор за астрофизиката. Ова е еден од клучните столбови за тестирање на Биг Бенг теоријата, откривајќи го барионските отпечатоци на водород, хелиум и сѐ останато во периодичната табела на елементи,“ рекол Шул од Одделот за астрофизички и планетарни науки (АРЅ).
Новата студија беше водена од страна на Фабрицио Никастро од Италјанскиот Национален Институт за Астрофизика – Римска Астрономска Опсерваторија и Харвард-Смитсонијанскиот центар за астрофизика.
Истражувачите имаат добар предвид за каде можат да го пронајдат поголемиот дел од обичната материја во вселената (не треба да дојде до забуна со темната материја): околу 10% се наоѓа во галаксии, а скоро 60% во дифузните облаци од гас кои се наоѓаат помеѓу галаксии.
Во 2012 год. Шул и неговите колеги предвиделе дека тие 30% бариони кои недостасуваат се во мрежеста формација во вселенскиот простор наречена „топло-ладно меѓугалактички медиум“. Чарлс Данфорт, истражувачки соработник во АРЅ, придонесе кон овие пронајдоци и е ко-автор на новата студија.
За да ги бараат атомите кои недостасуваат во регионот помеѓу галаксиите, интернационалниот тим насочил серија телескопи кон квазарот „1ЕЅ 1553“ – црна дупка во центарот на галаксија која конзумира и ослободува огромни количини на гас. „На кратко, тоа е навистина голем и сјаен светилник надвор во веселната,“ рече Шул.
Научниците можат да соберат информации снимајќи како радијацијата од квазар поминува низ вселенскиот простор, на некој начин како морнар кој здогледува светилник низ магла. Прво, научниците го искористиле Cosmic Origins спектографот на Hubble вселенскиот телескоп за да добијат идеја каде тие би можеле да ги пронајдат барионите кои недостасуваат. Потоа, тие прецизно се насочиле кон барионите користејќи го Рендген Повеќе-Огледална Мисија (XMM-Newton) сателитот на Европската Вселенска Агенција.
Тимот ги пронашол записите од тип на високо-јонизиран кослороден гас, кој се наоѓа помеѓу квазарот и нашиот Сончев систем, со доволно висока густина да се смета за последните 30% од обичната материја, ако се прошири пресметката со исти трендови за целата вселена.
„Ги пронајдовме барионите кои недостасуваа,“ изрече Шул.
Тој се сомнева дека галаксиите и квазарите го разнеле тој гас во длабочините на вселената низ милијарди години. Шул додаде дека истражувачите ќе треба да ги потврдат нивните откритија со насочување на сателитите кон повеќе сјајни квазари.
Превод: Дејана Маркова
Извор: Phys