Испитувањата за суспендираната анимација започнуваат наскоро

0
Воена медицина преку flickr

Воена медицина преку flickr

Кај големите повреди, брзината на интервенцијата може да биде разликата меѓу животот и смртта. Што ако хирурзите се во можност да кликнат на копчето за пауза, давајќи си така дополнително драгоцено време за третманот на раните? Суспендираната анимација е опишана во широк спектар на научнофантастични филмови, но дали воопшто би функционирала на луѓе? FDA одобри мала студија која ќе им овозможи хирурзи на UPMC Презветеријанската болница во Питсбург да се обидат да го суспендираат човечкиот живот подоцна во текот на овој месец.

Во Холивуд, суспендираната анимација се подразбира комплетно замрзнување (или приближно толку), така што субјектот се одмрзнува во одреден момент во иднината кога тогашните медицински достигнувања ќе овозможат соодветен третман на заболувањето. Оваа техника на итни зачувувања и реанимација (EPR) не е толку екстремна, но ќе ја намали телесната температура до 10 степени Целзиусови (50 степени Фаренхајтови) со вметнување на канила во аортата и вбризгување ладна солена вода во крвниот систем. Ова ќе го забави протокот на крв, со што ќе се спречи искрварувањето (кое може да биде фатално во рок од неколку минути). Ниските температури ќе ги забават и другите биолошки процеси исто така.

Оваа состојба на хипотермија може да се одржи од страна на човечкото тело околу два часа. Иако ова не е толку драматична техника за зачувување и реанимација (EPR) како што некои можеби очекуваа, таа може лесно да го обезбеди доволното време за хирурзите да ги извршат животоспасувачките итни операции. Пациенти кои преживеале срцев удар ќе имаат 7% поголема можност за преживување на ударот, што и дава на оваа техника некои многу вистинити и неверојатни импликации.

Питер Рие прво се обиде да ја проба оваа техника на 40 свињи во 2000 година, со резултатите објавени во 2006 година. По нанесување смртоносни рани за да се симулираат реални сценарија, свињите беа оладени, така што хирурзи можеа да ги оперираат, а потоа и да ги реанимираат. Додека сите контролни свињи умреа, хирурзите беа во можност да спасат 90% од останатите кои беа третирани со EPR техниката. Ниту еден од преживеаните примроци не пројавил постојани когнитивни или физички оштетувања.

Поради екстремно чувствителните на време и фатални по природа повреди на тест субјектите, FDA изјави дека на хирурзите нема да им биде потребна формална согласност. Како мерка на претпазливост, тимот извади реклами, за да ја информира јавноста за претстојната студија, па дури и постави вебсајт кој им овозможи на луѓето да се исклучат од проектот, доколку сакаат. До овој момент, никој не го сторил тоа.

Тимот прво ќе ја примени оваа техника на 10 пациенти чиј степен на повреда би бил погубен. Таа група ќе се спореди со 10 други пациенти кои нема да се подложат на EPR, а ќе имаат ист степен на повреди. По првиот чекор од 10 EPR третирани и 10 контролни пациенти, техниката ќе биде анализирана и рафинирана. Научниците ќе продолжат се додека на овој начин не се соберат доволно истражувачки податоци кои ќе им дозволат да ја анализираат ефикасноста на суспендирањето на животот на овој начин, иако сеуште не е одредена крајната бројка на потребни успшни интервенции за да се оправда ефикасноста на проектот.

Превод: Боро Костевски

Извор: IFLS

Сподели.