Во декември 2013 Хабл (Hubble) откри докази за постоење на водени гејзери кои избиваат од јужниот поларен регион на Јупитеровата месечина Европа. Претходните истражувања предвидуваа постоење на океан под замрзнатата површина на овој сателит.
Неодамна, астрономите објавија дека истите тие џиновски гејзери кои достигнуваа и до 201 километри, мистериозно исчезнале. Следеле опсервации со Хабл за проверка на ситуацијата кои го потвдриле истото.
Има неколку објаснувања за оваа појава. Можеби, исто како вулканите на Земјата, и гејзерите на Европа се повремени или можеби понекогаш млазевите се намалуваат и ние не можеме да ги забележиме. Или можеби млазевите се видливи за Хабл само во одредени моменти, кога се осветлени со возбудени честички.
Друга можност е гејзерите воопшто и не постоеле и објаснувањата на опсервациите на Хабл биле погрешни. Научниците сметаат дека ова е речиси невозможно и ќе продолжат да ги бараат гејзерите од ноември до април.
Превод: Михаела Стојанова
Извор: IFLS