Интересни факти за црните дупки

0
  1. Највпечатлива одлика на црните дупки е тоа што се црни, потполно црни. Тие се апсолутно црни бидејќи ниту емитуваат било какво зрачење, ниту го рефлектираат. Затоа и го добиле името црни дупки. Црна – бидејќи е црна, а дупка – бидејќи во неа може да „падне“ сè, а ништо да излезе. Тоа буквално е дупка без дно. Всушност гравитацијата на црната дупка е толку јака што впива сè околку себе без никакви шанси било што да излезе од неа. Дури и кога би биле во неа (што инаку е сосема невозможно) и некако би вклучиле моќен рефлектор на светлина, таа не би излегла од црната дупка.

Тогаш, како воопшто знаеме дека црнта дупка постои? Преку последиците. Ако видите некоја ѕвезда како се движи околку ништо, тогаш тоа е добар знак дека ѕвездата ја обиколува црната дупка. Попатно погледнете дали има некакво зрачење во близина. Кога материјата од ѕвездата ќе налета во црната дупка, таа ќе се загрее и ќе почне да зрачи во Х спекарот.

Секако дека утврдување на наведеното е работа на професионалци кои располагаат со соодветна опрема – ова е само алузија и провокација за натамошно читање.

  1. Се претпоставува, што во многу случаи е и докажано, дека секоја голема галаксија во својот центар има голема, масивна, впрочем супермасивна црна дупка. Најверојатно и нашата галаксија не е исклучок од ова. Проценките на научниците велат дека таа црна дупка е четири милиони пати помасивна од Сонцето.

За среќа, се наоѓаме далеку од црната дупка и на безбедно место од неа.

Интересни факти за црните дупки

Sagittarius A во инфрацрвено (црвено и жолто од ST Hubble) и X зраци (сино од вселенскиот телескоп Chandra). Заслуги: X-ray: NASA/UMass/D.Wang et al., IR: NASA/STScI

Слика 1: Sagittarius A во инфрацрвено (црвено и жолто од ST Habl) и X зраци (сино од небесниот телескоп Chandra). 
Заслуги: X-ray: NASA/UMass/D.Wang et al., IR: NASA/STScI

  1. Црните дупки се финалната фаза на џиновските ѕвезди. Поедноставно кажано, во ѕвездите, поради нуклеарните реакции, гасовите настојуваат да се рашират и така го зголемуваат волуменот на ѕвездата. Но, гравитацијата има спротивно дејство. Кога голема ѕвезда ќе го истроши своето нуклеарно гориво, притисокот од гасовите во неа се намалува и гравитацијата станува доминантна, што доведува до тоа ѕвездата да се сруши, згусне и компресира до толу што настанува црна дупка. На следниот линк имате подобро објаснување.
  1. Црните дупки имаат различни големини.

Супермасивните имаат маса од повеќе милиони, дури и милијарди Сонца. Такви црни дупки се наоѓаат во центарот на галаксиите.

Стеларните се умерени по големина и нив ги има најчесто. Расфрлени се насекаде низ Млечниот Пат. Имаат маса која се мери во десетици и повеќе маси на Сонцето.

Примордијалните црни дупки се најмали, од големина на атом до такви кои имаат маса на цела планина.

  1. Чудни работи се случуваат околку дупките.

Кога од пристојно растојание набљудувате човек кој паѓа во црна дупка, гледате дека неговиот часовник отчукува се побавно. Тоа успорување на времето се нарекува дилатација. Е сега, упорувањето на времето станува се поголемо и поголемо додека конечно целосно не застане. Ова доаѓа од Општата теорија на релативност. До успорување на времето доаѓа затоа што црната дупка го искривува времето (и просторот).

Но, за несреќникот кој паѓа кон црната дупка, времето изгледа сосем во ред, и набљудувано од негова перспектива, вашето време тече сè побрзо и побрзо.

Сето тоа трае се додека несреќниот човек не падне во хоризонтот на настани. Хоризонт на настани. Вака: тоа е сфера околку црната дупка која го дели целиот простор на два дела помеѓу кои комуникацијата е невозможна. Невозможна е, бидејќи ништо не може да излезе од тој ограден (затворен) простор.

Значи, човекот опасно се доближува до црната дупка и ние гледаме дека неговото време се успорува. Кога ќе дојде до хоризонтот на случувања, за нас, неговото време застанува. Едноставно.

Повеќе за ова на: Ајнштајн за почетници.

  1. Првата црна дупка е откриена во 60-те години на минатиот век, но тогаш не било познато дека станува збор за црна дупка. Тој објект добил ознака Cygnus X-1. Според NASA, таа црна дупка е десет пати помасивна од Сонцето. Во нејзина близина се наоѓа моќна суперџиновска ѕвезда. Црната дупка ги всмукува гасовите од оваа ѕвезда во процес кој предизвикува емисија на Х зраци.
Интересни факти за црните дупки

Cygnus X-1, оддалечена 6070 светлински години (уметнички приказ).
заслуги: NASA / CXC / M.Weiss

  1. Постојат извесни недоразбирања околку најблиската црна дупка. Прво се мислело дека тоа е црната дупка V4641 Sgr, лоцирана на некои 1600 светлински години од нас и дека таа е најблиску до нас, но подоцнежните истражувања покажале дека ова растојание е потценето. Википедија наведува дека најблиската црна дупка е во ѕвездениот систем A0620-00. Таа се наоѓа на 2800 светлински години далеку од нас. Во секој случај, двете наведени растојанија се доволно големи за црните дупки да не нè загрижуваат.
  1. Постојат многу зачудувачки теории за црните дупки. Секоја теорија му пркоси на здравиот разум и секоја нуди незамисливи последици кои особено ги користат авторите на научно-фантастичните романи и филмови.

Што ако човекот падне во црна дупка? Тоа е загадочно прашање на кое некои го даваат следниот одговор: црните дупки се црвји дупки кои поврзуваат делови од Универзумот. Ако паднете во црна дупка, ќе излезете во сосема друг дел од Универзумот. Едностано, но и недокажано. Недоволно познавање на црните дупки и неможноста да ја поврземе Општата теорија на релативноста со квантната механика оневозможува да изведеме валидни заклучоци за црвоточините. Дали тие постојат или не ќе биде задача на новите, можеби сè уште неродени физичари.

Интересни факти за црните дупки

Приказ на црвја дупка (црвоточина). Заслуги: Wikipedia

  1. Голема среќа е што црните дупки се опасни само одблиску, во спротивно, не би имало некој да го констатира спротивното. Со други зборови: Црните дупки не се опасни од далеку и можете слободно да ги проучувате. Но, ако поминете одредена граница, споменатиот хоризонт на случувања – ви останува само да се препуштите на случувањата. Враќање назад нема. Но, да ја нема оваа граница, со текот на времето сè би било вовлечено…
  1. Црните дупки ги среќаваме во научно-фантастичните филмови и литературата. Ако сакате одблиску да се запознаете со црните дупки погледнете го филмот Interstellar. Научниците велат дека филмот е во согласност со науката, или барем не се коси со неа. Барем не многу.

Превод: Александра Бошкова

Извор: Astronomski Magazin

Сподели.