Меѓународен тим од астрономи идентификуваше кафено џуџе (ѕвезда премала за нуклеарна фузија) со најчист состав и најголема маса досега. Објектот, познат како SDSS J0104+1535, е член на таканареченото хало, најнадворешниот слој на нашата галаксија, воглавно составен од многу стари ѕвезди.
Големината на кафеавите џуџиња варира помеѓу големината на планета и онаа на целосно оформена ѕвезда. Нивната маса е премала за да се одвива целосна нуклеарна фузија на водород во хелиум, но најчесто е значително поголема од масата на планетите.
Сместено на оддалеченост од 750 светлински години од нас, во соѕвездието Риби, џуџето SDSS J0104+1535 содржи гас кој е околу 250 пати почист во својот состав од Сонцето. Значи, според овој податок, се заклучува дека тоа е составено од речиси 100% водород и хелиум. Ако се процени дека е создадено пред 10 милијарди години, мерењата покажуваат дека џуџето има маса еквивалентна на Јупитеровата помножена по 90, т.е. дека е 90 пати помасивно од Јупитер. Тоа би значело дека е едно од најмасивните кафеави џуџиња некогаш откриени.
Истражувачикиот тим беше предводен од д-р Зенг Хуа Занг на Институтот за Астрофизика на Канарските Острови. Тој за истражувањето изјави: „Навистина не очекувавме да откриеме кафено џуџе со толку чист состав. Но, како што се развива науката, не би се изненадил да има многу повеќе слични вакви објекти кои чекаат да бидат откриени.“
Проценувајќи според неговиот инфрацрвен спектар на светлина, SDSS J0104+1535 е класифицирано како тип L ултра-субџуџе (type L ultra – subdwarf), пресметано користејќи го Европскиот телескоп VLT (Very Large Telescope). Оваа класификација е базирана врз шема неодамна создадена од д-р Занг.
Превод: Давид Симоновски
Извор: Phys