Хабл најде потенцијални мети за мисијата Плутон во Кајперовиот појас

0
Потенцијални мети во Кајперовиот појас

Уметнички приказ на објект од Кајперовиот појас, лоциран во надворешните делови од Сончевиот систем на далечина од 4 милијарди милји од Сонцето. За разлика од астероидите, објектите од Кајперовиот појас (KBO) не се значително загреани од Сончевата топлина и претставуваат добро сочувани, замрзнати примероци од далечното минато на системот. Истражувањето на Хабл пронајде три примероци од Кајперовиот појас кои варираат од 27 до 35 милји во широчина кои ќе бидат достапни за леталото Нови хоризонти (New Horizons), откако во средина на 2015 година ќе помине покрај Плутон. Извор: NASA, ESA, and G. Bacon (STScI)

Наѕирајќи кон надворешните слоеви од Сончевиот систем, Хабл (Hubble) откри три потенцијални места за посета кои се дел од Кајперовиот појас. Леталото Нови хоризонти (New Horizons) ќе може да ги истражи по неговата посета на околината на Плутон во јули 2015 година. Објектите беа детектирани од страна на тим научници кои работат на мисијата на Нови хоризонти.

Кајперовиот појас е простран раб со најстарите остатоци кои орбитираат околу нашиот систем. Овој предел е мошне интересен и важен бидејќи содржи информации за потеклото и настанокот на Сончевиот систем и засега не е посетен од ниту едно летало.

Објектите кои беа пронајдени од Хабл се 10 пати поголеми од типичните комети, но со само околу 1- 2 проценти од големината на Плутон. Тимот за мисијата Нови хоризонти почна со барање на потенцијални објекти за посета уште во 2011 година, при тоа користејќи ги сите телескопи на Земјата. Имаа најдено неколку десетици кандидати, но ниту еден од нив не беше достапен за Нови хоризонти.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: Phys.org

Сподели.