Голема е веројатноста дека нема да слушнеме сигнал од вонземјани, но и кога би слушнале тие веќе не би постоеле

0

Новите пресметки со равенката на Дрејк ни укажуваат дека невидливи сигнали поминуваат низ делови од Млечниот Пат.

Голема е веројатноста дека нема да слушнеме сигнал од вонземјани, но и кога би слушнале тие веќе не би постоеле

Можете да ме слушнете сега? Електромагнетни сигнали (сини кругови) од туѓи цивилизации ќе продолжат да патуваат низ Млечниот Пат, дури и кога вонземјаните ќе ги снема. Појавата на дупка како на „крофна“ преставува кога една цивилизација изумира. Заслуги: Geoff Marcy

Aко сигналите од вонземска цивилизација некогаш допрат до Земјата, големи се шансите вонземјаните веќе да бидат мртви.

Во обид да се ажурира равенката на Дрејк од 1961-ва година во која се проценува брoјoт на детектирани интелегентни цивилизации во Млечниот Пат, физичарот Клаудио Грималди и неговите колеги ја пресметале површината на галаксијата која треба да биде полна со вонземски сигнали во дадено време. (SN Online: 11/1/09)

Тимот во кој се вклучени Френк Дрејк (сега професор на институтот СЕТИ во Калифорнија и Универзитетот Калифорнија во Санта Круз, претпоставува дека технолошки цивилизации се раѓаат и умираат со константна стапка. Кога цивилизацијата ќе умре и ќе престане да емитува, сигналите што ги испраќала ќе продолжат да патуваат како концентрични бранчиња на езерце. Дел од Млечниот Пат треба да биде исполнет со овие сигнали.

Ако цивилацијата траела помалку од 100.000 години – време кога е потребно светлината да ја премине галаксијата – тогаш шансите на сигналите кои стигнуваат до Земјата, додека цивилизацијата сè уште емитува, се исчезнати, велат истражувачите на 27-ми февруари на arXiv.org. Луѓето, на пример, пренесуваат радио бранови само околу 80 години, па нашите радио бранови опфаќаат помалку од 0,001 проценти од Млечниот Пат.

„Ако цивилизацијата емитувала сигнали од другата страна на галаксијата, кога сигналот ќе пристигне тука, цивилизацијата веќе ќе биде исчезната,“ вели Грималди, од Сојузната Политехничка школа во Лозана во Швајцарија.

Изненадувачки, тимот исто така пресметал дека просечниот број на E.T. сигналите кои ја преминуваат Земјата во дадено време треба да се изедначи со бројот на цивилизации кои моментално пренесуваат – дури и ако цивилизациите што ги слушаме не се истите оние што во моментот емитуваат. Грималди сега работи на труд за тоа што значи тоа дека не сме пронашле ништо досега.

Превод: Бојан Николовски

Извор: Science News

Сподели.