Голем облак од цијанид лебди над Титан

0
Голем облак од цијанид лебди над Титан

На оваа фотографија може да се забележи големиот виор над јужниот пол на Титан. Станува збор за огромен облак кој за првпат беше забележан во 2012 година. Лево е прикажана спектралната мапа на Титан, а на другиот дел е зголемен објектот со природни бои. Извор: NASA/JPL-Caltech/ASI/University of Arizona/SSI/Leiden Observatory and SRON

По некое време од последната рамноденица на Титан, најголемата месечина на Сатурн, астрономите открија огромен, токсичен облак кој се врти над јужниот пол на оваа месечина. Присуството на замрзнати честички од цијанид укажуваат на тоа дека атмосферата внатре во виорот е многу постудена од досегашните претпоставки, поточно околу 100°C. Овие нови информации ги ставаат под знак прашалник веќе познатите теории и испитувања за атмосферата на Титан.

Титан има свои годишни времиња и секое од нив трае по околу 7 години, бидеќји за една орбита околу Сонцето потребни му се 29 години. Последен пат имаше промена на сезоната во 2009 година. Во северната хемисфера од зима дојде преминот кон пролет, а во јужната летото прејде во есен. Во мај 2012 година, за време на есента, во јужната хемисфера астрономите детектираа огромен облак кој виори над јужниот пол на Титан. Тој зафаќа повеќе од милион квадратни километри и оттогаш цело време е на висина од над 300 километри. Истражувачите ја поврзаа оваа појава со промената на годишните времиња, но пресметките предвидуваа многу потопли температури со кои формирањето на облаци од ваков тип не би било возможно.

За да се дознае што влијаело над создавањето на мистериозниот облак тим од научници ги анализираше опсервациите направени со Касини. Се покажало дека облакот е создаден од замрзнати честици од водород цијанид или HCN. Како гас, овие молекули се присутни во многу мали количества во атмосферата, и откритието на истите во замрзната варијанта беше огромно изненадување за научниците. За ова е потребна температура од 148 °C под нулата, а тоа е за околу 100 степени поладно од веќе предвидените температури.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFLS

Сподели.