Новата фотографија направена од телескопот на Европската јужна опсерваторија која се наоѓа во Чиле, прикажува две различни галаксии: НГЦ 1316 и помалата, спирална НГЦ 1317. Иако многу блиски, овие две галаксии имале сосема различни судбини.
Структурата на НГЦ 1316, укажува на турбулентен живот. Во нејзината структура се појавуваат многу необични линии на меѓуѕвездена прашина, кои се наоѓаат во многу поголемата ѕвездена обвивка. Но, се забележува и популација на необично мали, збиени галактички јата. Тоа покажува дека галаксијата 1316 ја проголтала спиралната галаксија богата со меѓуѕвездена прашина, пред околу 3 милијарди години. Многу темните опашки можат да се забележат околу галаксијата. Во прашање се прамени и обвивки на ѕвезди кои биле тргнати од нивната оригинална локација, а потоа биле исфрлени во меѓугалактичкиот простор.
Ваквите траги се појавуваат како последица на комплексни гравитациски влијанија на орбитите на ѕвездите, кога друга галаксија ќе пријде многу близу. Сите овие знаци укажуваат на многу бурното минато, во кое НГЦ 1316 ја анкетирала другата галаксија, но и ни покажува дека нејзиното непримерно однесување и понатаму се одвива.
Галаксијата 1316 е оддалечена 60 милиони светлински години од Земјата и се наоѓа во соѕвездието на јужното небо на Форнакс. Оваа галаксија, исто така, го носи и името Форнакс А, што говори дека е најсилен извор на радио – зрачења во соѕвездието, но и претставува четврт најсилен извор на радио – сигнал на целото небо.
Емисијата од радио – зраци најверојатно предизвикува материја која “вшмукува” црна дупка во центарот на самата галаксија, а дополнителен проблем е и интеракцијата со другите галаксии.
Фотографијата која ја направи MPG/ESO телескопот од класата 2.2 м. од опсерваторијата Ла Сија во Чиле е добиена со комбинација на многу поединечни фотографии од ЕSО (European Southern Observatory) архивата. Целта на првобитните опсервации била да се разоткрие и најтемниот детал, но и да се проучи поделбата која владее во овој интересен систем. Исто така, оваа фотографија отвара прозор во далечната вселена, многу подалеку од сјајните галаксии во прв план. Многу нејасните точки од фотографиите претставуваат многу оддалечени галаксии, а особено густа концентрација од галаксии се наоѓа од левата страна на објектот НГЦ 1316.
Повеќе на линкот: http://www.eso.org/public/serbia/news/eso1411/
Извор: Астрономски Магазин
Превод: Петар Ивановски