Европа со сличен тектонски состав како Земјата?

0

Сателитот на Јупитер според неодамнешни истражувања може да го промени ставот дека тектонската конфигурација на нашата планета е помалку или повеќе единствена.

Извор на овие нови информации се сликите на леталото на НАСА – Галилео (Galileo), кое помина покрај Јупитер во периодот меѓу 1995 и 2003 година. Со внимателно проучување на рабовите и фрактурите на ледената обвивка на Европа се смета и дека овој сателит кој е само малку помал од Месечината, има површина која е можеби најмладата во Сончевиот систем, а тоа укажува на „рапидно рециклирање“ – вели тимот.

Најден е доказ дека дел од површината која се наоѓа помеѓу две ледени плочи исчезнала. Причина може да е потонување на една од плочите под другата. Тоа одговара на она што се случува на Земјата, кога дел од тектонската плоча едноставно потонува под т.н. субдукциони зони. На ова се мисли под „рециклирање“.

Тимот истражил 134.000 km2, при што утврдил дека недостасуваат 20.000 km2.

Предложено е дека ледената обвивка на Европа е подвижен систем, налик на системот тектонски плочи при што може да е единственото небесно тело кое има ваков систем покрај Земјата.

Европа е еден од четирите најголеми сателити („Галилееви сателити“) на Јупитер, петтата планета од Сонцето и воедно најголема во Сончевиот систем.

Европа со сличен тектонски состав како Земјата?

 

Превод: Милан Велков

Извор: Phys.org

Сподели.