Европа може да има знаци на вонземјански живот само неколку центиметри под површината

0

Дали е Европа нашата најдобра варијанта за наоѓање живот? Заслуги: NASA/JPL-Caltech

Многу интересна статија во списанието Nature Astronomy сугерира дека знаци на вонземјански живот на Европа, месечина на Јупитер, релативно лесно можат да се пронајдат бидејќи може да постои само неколку центиметри под нејзината површина.

Водена од Том Нордхајм од Лабораторијата за Млазен Погон на НАСА во Калифорнија, студијата сугерира дека близу половите на Европа можат да постојат амино киселини само 1 до 3 центиметри под површината веќе 10 милиони години. Покрај екваторот, бројката се зголемува за повеќе десетици центиметри.

„Европа е многу интересна за планетарни научници бидејки ние мислиме дека живот може да постои во внатрешноста на нејзиниот океан, кој се наоѓа неколку милји под нејзината замрзната површина,“ Нордхајм изјави за IFLScience. „Тоа што е навистина интересно е дека мислиме дека материја од океанот на Европа можеби се транспортирала до површината“.

Сепак голем проблем е количината на радијацијата со која Јупитер ја бомбардира Европа. Стоејќи на површината е еднакво на „стоење во забрзувач на честички,“ изјави Нордхајм, значејќи дека каков и да било биолошки материјал од океанот би бил уништен.

Како и да е, се чини дека дел од биолошкиот материјал може да преживее на овие релативно мали растојанија под површината. Тоа е базирано на модели поставени од научниците, кои ја набљудуваа глобалната шема на енергични електрони кои се удираат на површината.

Тимот открил дека некои региони на Европа можат да искусат околу 74 милиони грејови радијација од Јупитер. Бактерија која е најотпорна на радијација и се наоѓа на Земјата е Deinococcus radiodurans и може да преживее до само 5.000 грејови (во споредба земете го човековото тело кое може да преживее до најмногу 5 грејови), кое значи дека ги отфрламе шансите за пронаоѓање на кој и да било жив организам. Но знаци на живот можат да опстанат.

Во статија на News and Views, Џон Купер од Годард Центар за вселенски летови на НАСА, изјави „Ние би можеле на пронајдеме биохемиски фрагменти од стар живот измешан во површината на мразот,“ како што се амино киселините. Ова значи дека претстојува мисија, како што е мисијата предложена од НАСА наречена Европа Лендер. Единствено потребно е да ја гребне малку подлабоко од површината на мразот за да пронајде биоотпечатоци.

НАСА моментално одлучува дали да прати лендер на Европа Заслуги: NASA/JPL-Caltech

Нивоата на радијација се помали на половите за разлика од екваторот, поради тоа би било полесно да се дојде до примерок од биолошки материјал. Барајќи живи организми може да е малку амбициозно, но шансите на пронаоѓање на биоотпечатоци изгледаат примамливо. Ако сонда слета во регион каде има свеж материјал, депозитиран во последните 1000 години ние дури можеме да откриеме биоотпечатоци кои сѐ уште не биле оштетени од радијација, рекол Купер.

Има неколку ограничувања. Како прво, ова е модел – значи немаме специфични мерки да го потврдиме. Исто така не знаеме дали воопшто во океанот на Европа може да постои живот. И Нордхајм и неговиот тим имаат забелешка дека ударите од метеори можат да нарушат делови од површината, кое ги отежнува откривањата.

Но ова ни дава возбудлива перспектива дека знаците на вонземјански живот на друг свет може да се извонредно на дофат. „Ова го овозможува планирањето на мисија во која ќе бараме отпечатоци на живот на Европа со технологијата и способностите кои ги поседуваме денес,“ рекол Нордхајм.

Европа постепено „израсна“ како можна локација за вонземјански жив свет во последната деценија или подолго. Ние сега знаеме дека под нејзината ледена површина, која е дебела неколку километри, се крие океан во течна агрегатна состојба во кој може да има неколку од условите неопходни за живот.

На половите на Европа, водата од овој океан е исфрлувана во вселената во вид на облаци (нешто како гејзири), слично на процес кој се случува на Енцелад, месечина на Сатурн. Некои предлози сугерираат дека можеме да прелетаме низ овие облаци, да земеме примероци и да видиме што тие содржат.

Половите на Европа редовно испуштаат материја во вселената. Заслуги: NASA/JPL-Caltech

НАСА во моментот подготвува мисија во која ќе лансираат кон Европа во раните 2020ти, наречена Европа Клипер. Во неа ќе се извршат голем број на блиски облетувања на месечината, кои детално ќе ја исцртаат нејзината површина. Истражувач на Ледените Месечини на Јупитер, сонда на Европската Вселенска Агенција, исто така ќе ја проучува Европа.
Лендер на Европа се смета како најдобриот начин за барање на живот. НАСА разгледува разни начини како да го изведе тоа, како и вклучување на еден од нив во Европа Клипер мисијата, иако не е многу сигурна во моментот.

Тоа што е сигурно од ова најново проучување е дека Европа изгледа неверојатно примамлива во потрагата по живот. Додека Марс разбирливо добива многу внимание, шансите за пронаоѓање на живот на или во близина на неговата површина се мали. Ако тајните на Европа се само неколку центиметри под нејзината површина, тоа може да ја претставува нашата најдобра шанса за пронаоѓање на живот на друго место во Сончевиот Систем.

Извор: IFLScience

Превод: Дејана Маркова

Сподели.