Еве зошто треба да се заинтересираме за слетувањето на ракетата на SpaceX на товарен брод кој плови

0
Еве зошто треба да се заинтересираме за слетувањето на ракетата на SpaceX на товарен брод кој плови

Првиот дел слета успешно на 8 април. Извор: Space X

На 8-ми април беше направен историски успех со беспрекорното слетување на ракета на површината на сплав кој плови. Компанијата SpaceX, која го изведе ова, доби признанија и пофалби од сите страни на светот. Но, што го прави овој подвиг толку значаен?

Сè се сведува на повеќекратната употреба. Во обиди да се поевтини вселенското патување дури и до 100 пати, компанијата сака повторно да ја употреби ракетата „Сокол 9“ (Falcon 9) на сличен начин како што правиме со авионите, наместо досегашната пракса за еднократна употреба на ракетите. Трошоците за полнење на горивото на ракетата се околу 200.000 долари. За разлика од ова изградбата на една ракета како „Сокол 9“ чини 60 милиони долари.

Првиот чекор кон оваа цел беше направен во декември 2015 година, кога SpaceX ја слетаа првата фаза, односно долната половина од „Сокол 9“ на површината на Кејп Канаверал, Флорида. За да се изведе вакво слетување се прават ротации на повеќе од 100 километри надморска висина, намалувајќи ја брзината од повеќе од 8.000 километри на час до нула, откако ќе слета на земјата. За сето ова е потребно многу големо количество на гориво, но засега е изводливо како кај дел од мисиите во орбитата и МВС.

Видео: Погледнете го слетувањето. Извор: SpaceX.

Но, при лансирања кон подалечни дестинации зад орбитата на Земјата, како на пример на Марс (што всушност е и крајната цел на SpaceX) потребно е развивање на многу поголеми брзини, што значи ќе остане недоволно гориво кога ќе дојде на ред слетувањето.

Со користрњето на товарен брод кој плови како место на слетување, SpaceX можат да ја направат локацијата на слетување на различно, подалечно место од точката на лансирање. Со ова се заштедува на патувањето на ракетата во повратниот правец. Понатаму, ова ќе може да се примени со ракетите кои ќе се лансираат на подалечни дестинации, односно истите би слетувале на бродови.

Еве зошто треба да се заинтересираме за слетувањето на ракетата на SpaceX на товарен брод кој плови

Вселенското летало Змеј (Dragon) успешно слета на Меѓународната Вселенска станица. Извор: NASA

Првото парче кое слета на земјата во декември ќе остане за изложба во музеј, но ракетата од последната мисија ќе биде целосно употребена за нова мисија. Целта на SpaceX е да направи 10 или повеќе летања со истата ракета. Понатаму, од компанијата сакаат да го направат и другиот, втор дел од ракетата да биде употреблив повеќекратно, со што трошоците за вселенските лансирања ќе се сведат на уште пониско ниво.

Превод: Михаела Стојанова

Извор: IFL Science

Сподели.