Елон Маск ни ги претстави новостите околу своите планови за колонизирање на Марс во типичен стил, искажувајќи прилично грандиозни цели и амбициозен план за стигање до таа точка.
Генералнот директор на SpaceX откри нови детали во говор одржан на Меѓународниот Астронаутски Конгрес во Аделејд, Австралија. Ова беше обновување на истиот говор од минатата година, каде што Маск ја откри неговата голема нова ракета која сака да ја користи за да го колонизира Марс (Интерпланетарниот Транспортен Систем или ИТС).
Овојпат називот ИТС беше забележливо неприсутен, но сонот е сè уште тука. Маск сега ја нарекува ракетата BFR (Big F*cking Rocket), според оригиналниот прекар. Сега идеата е BFR да биде главниот фокус на SpaceX и вели дека првото лансирање ќе биде во 2022, а со човечка експедиција во 2024.
„Сакаме да ги направиме нашите сегашни возила редундантни,“ вели Маск. BFR би ги заменила сегашните Фалкон 9, Драгон и Фалкон Хеви возила на SpaceX. Како минатата година, крајниот план останува на тоа да се пренесат по 100 луѓе со една BFR на една тура до површината на Марс. Големото возило, налик на шатл, се лансира со погон за повеќе користења од Земјата и потоа може да слета на Марс. Со повеќе лансирања, Маск има визија за основање на Марсовски град.
SpaceX has completed over 1,200 seconds of firing across 42 main Raptor engine tests. pic.twitter.com/EhxbPjd8Cj
— SpaceX (@SpaceX) September 29, 2017
Исто така, се покажуваа снимки во функција од Раптор, кој ќе биде новиот ракетен мотор за BFR кој го развива SpaceX. Покажаа еден мотор како гори 40 секунди, времето потребно за слетување на Марс. BFR ќе користи 31 од овие мотори.
Големата критика на минатата година беше во врска со финансирањето. Како SpaceX ќе си го дозволи овој зафат, креацијата на најголемата ракета во историјата? Маск го адресираше тоа овојпат, забележувајќи дека мала верзија на BFR би имала голем спектар на функции.
„Таа може да прави сè што е потребно за активности во Земјината орбита,“ изјави Маск.
Тој вели дека BFR може да се користи за пренесување на луѓе преку планетата. Овој систем може да пренесува луѓе помеѓу кои било градови за помалку од еден час, додека повеќето градови би биле достапни за околу 30 минути.
Понатаму, BFR би се користела за носење на луѓе до Месечината, креирајќи така наречена „Месечева База Алфа“ (Moon Base Alpha). Тој не објасни опширно за овие планови, но кажа дека возилото би можело да тргне и да се врати од Месечината без правење на ново гориво.
„2017-та е, треба да имаме лунарна база досега,“ кажа Маск. „Што, по ѓаволите, се случува?“.
За крај, останува целта да се однесат луѓе на Марс. BFR би имал 40 кабини во делот за складување, доволно за да однесе 100 луѓе до Марс во еден лет. Исто така, би имало и засолниште за соларни бури за заштита од радијација и некаков дел за забава.
Маск сака да има 2 BFR спремни за лансирање до 2022-ра година. Ова би биле товарни мисии до површината на Марс, за да се најде вода за идни мисии. Тогаш, во 2024-та, тој сака да лансира 4 BFR – две со товар и две со екипаж, до Марс.
Маск е целосно убеден дека пет години се доста за произведување на бродот и лансирање. „Тоа не е печатна грешка,“ одговори Маск на реакциите од публиката. „Јас сум доста уверен дека можеме да го подготвиме бродот и да го лансираме за пет години. Пет години за мене се чинат како долго време.“
Изгледа како Маск да се откажал на оригиналните планови за Марс за SpaceX. Тие имаа предвид користење на модифицирано Драгон возило, наречено Ред Драгон, за слетување. Сега планот е да се користи BFR.
Ниеден говор на Елон Маск не би бил целосен без интересно видео. Говорот заврши со анимирано видео кое покажуваше како луѓето би патувале низ светот со BFR, во суштина заменувајќи ги авионите. Луѓето патуваат со брод до морска платформа и се лансираат до нивната дестинација.
Со вакви планови, тешко е да не се возбудите. Но, како и секогаш, критиките не изостануваат. Трошоците сè уште се нејасни, а Маск е познат по своите амбициозни планови. Дали сонот е доволен за да се остварат?
„Мислам дека во суштина иднината е многу повозбудлива и интересна ако сме вселенска цивилизација и мулти-планетарен вид, отколку ако не сме,“ вели Маск. „Сакате да бидете инспирирани од нешта, сакате да се разбудите и да мислите дека иднината ќе биде супер. Не можам да помислам на ништо повозбудливо од тоа да се отиде да се биде помеѓу ѕвездите.“
Ако тој временски се придржи до планот, и успее да слета товарна мисија на Марс до 2022-рата, тоа ќе биде добар повод за размислување.
Превод: Јован Милосковски
Извор: IFL Science