Екстрасоларна планета со густина на стиропор може да нè научи многу за планетарните атмосфери

0

KELT–11b е доста необичен објект. Таа е најсветлата транзитна екстрасоларна планета видлива од јужната хемисфера, има една петтина од масата на Јупитер и орбитира многу блиску до својата матична ѕвезда. По густина е слична на стиропор, така што лесно би можела плива во вода.

Уметнички приказ на екстрасоларната планета KELT-11b. Заслуги: Walter Robinson/Lehigh University

Како што е објавено во магазинот Astrophysical Journal, KELT-11b e феноменална појава за астрономите. Нејзината надуена атмосфера, која се проценува на околу 2760 километри висина, може да се користи како тренинг центар на новите технолошки откритија и инструменти. Објектот беше откриен како дел од KELT (Kilodegree Extremly Little Telescope) програмата. KELT користи два мали роботски телескопи, еден во Јужна Африка и еден во Аризона кои се во постојана потрага по егзопланети.

„Проектот KELT е специфично наменет за откривање на неколку научно важни планети кои орбитираат околу многу светли ѕвезди, и KELT-11b е полн погодок.“ – изјави главниот автор на истражувањето, Џошуа Пепер. „Бевме екстремно изненадени од ниската густина на оваа планета. Многу е голема за нејзината маса. Масивна е како петина од Јупитер но заробена во многу редок простор.“

КЕЛТ-11б е на 320 светлински години оддалеченост од Земјата и астрономите ја фаќаат во самракот од нејзиниот живот. Орбитира околу ѕвезда која е поголема и помасивна од Сонцето и која ќе се прошири во црвен џин што ќе ја проголта планетата. КЕЛТ-11б веќе е премногу блиску до ѕвездата и ја обиколува за само 5 дена.

Додека локацијата и составот играат важна улога, астрономите се трудат да го откријат конкретниот механизам кој стои зад пренадуените планети слични на КЕЛТ-11б. Таа е третата најслабо густа планета чии радиус и маса се прецизно измерени. Тимот на ова истражување се надева на инвестирање во создавњето на нови инструменти кои ќе помогнат во проучувањето на планетите слични на оваа. Кога во 2019 година Вселенскиот телескоп Џејмс Веб ќе биде лансиран, ќе ни се прошират границите на нашите можности и  ќе многу лесно ќе ја прошириме потрагата по планети слични на нашата Земја.

Превод: Давид Симоновски

Извор: IFL Science

Сподели.