Пронајдени древни органски материи и мистериозен метан на Марс од НАСА

0
Авто портрет од низок агол на Кјуриосити роверот на НАСА на точка од каде што се спуштал доле по рид за да стигне до карпа планирана за бушење наречена Бакскин. Локацијата е на низок дел од Монт Шарп.

Авто портрет од низок агол на Кјуриосити роверот на НАСА на точка од каде што се спуштал доле по рид за да стигне до карпа планирана за бушење наречена Бакскин. Локацијата е на низок дел од Монт Шарп. Заслуги: NASA/JPL-Caltech/MSSS

Кјуриосити роверот на НАСА пронашол нов доказ зачуван во карпи на Марс кои укажуваат дека планетата можеби имала живот. Исто така е пронајден нов условен доказ во атмосферата на Црвената Планета поврзан со потрагата по сегашен живот на Марс.

Новите наоди – „груби“ органски молекули во седиментарна карапа стара три милијарди години близу површината како и сезонски промени во нивото на присуство на метан во атмосферата.

Органски молекули содржат јаглерод и водород и можат да содржат кислород, азот и други елементи. Иако се асоцирани со живот, органски молекули можат да настанат од процеси кои не се биолошки кои не мора да бидат индикатори за живот.

Иако површината на Марс не е гостопримлива денес, постојат јасни докази дека во минатото Марсовската клима дозволувала течна вода да се собира на површината. Овие податоци покажуваат дека езерото од вода во кратерот Геил ги содржел сите состојќи неопходни за живот, вклучувајќи основни хемиски елементи и извори на енергија.

Сезонските варијации на метан во атмосферата на Марс се набљудувани преку три марсовски години, што се шест земни години. Промената е снимена од инструментите на Кјуриосити.

Хемиските реакции помеѓу водата и карпите можат да бидат одговорни за произведувањето на метан, но не можата да се отфрлат биолошки потекла за сега. Метан до сега бил наоѓан во атмосферата како големи и непредвидливи облаци. Овие мерења покажуваат дека во Геил кратерот метанот повторливо е поприсутен во летните месеци и се намалува во зимата на секоја година. Ова се првите корисни информации во однос на разбирање на метанот во атмосферата.

За да се најдат органски материи во почвата, Кјуриосити бушел во четири области на седиментарни карпи во кратерот Геил. Карпата се формирала со акумулирање на материја преку милијарди години на дното на древното езеро. Примероците користат топлина од 500 Целзиусови степени за да се испушти органската материја од правта од избушената карпа.

Инструментите на Кјуриосити измериле мали органски молекули во примерокот кои можат да бидат остатоци од органски молекули кои се поголеми и не загоруваат лесно. Фрагментите содржат сулфур кој би можело да ги сочувал.

Резултатите индицираат концетрација на органски јаглероди од 10 на милион или повеќе. Ова е блиски до набљудуваната содржина во марсовски метеорити и 100 пати поголема концетрација од таа на површината на Марс.

Во 2013 од истите инструменти е пронајден хлор на најдлабоките точки на кратерот. Ова ново откритие го гради фондот на откриени молекули во седиментацијата на древната марсовска река.

Овие резултати ги охрабруваат научниците дека ќе се пронајдат повеќе органски материи во следните мисии како на НАСА роверот Марс 2020 и на ЕСА ЕксоМарс роверот.

Сеуште се смета дека не се знае дали има знаци на живот на Марс, но овие резултати укажуваат дека сме на прав пат.

Превод: Јован Милосковски

Извор: NASA.gov

Сподели.