Диск во форма на сончоглед како помош во потрагата по вонземски живот

0

Астрофизичарот Вебстер Кеш, од Универзитетот за астрофизика и вселенска астрономија во Колорадо, има идеја преку која ќе се овозможи засенување на вселенските телескопи од ѕвездените светлини, со што би се овозможило далеку попрецизно набљудување на поголеми растојанија од досегашните.

Тој својата идеја ја добил од огромните сончогледи и од големите листови кои тие ги имаат. Доколку се постави вселенско возило кое одржува сенка на телескопот, на растојание од 50 000 километри од самиот телескоп, потенцијално би овозможило набљудување на далечни планети кои во спротивно не би биле забележливи. Во принцип, овааа техника ќе им помогне на астрономите во потрагата на вознемски живот кај потенцијални егзопланети.

Заслуги НАСА

Заслуги: НАСА

Истражувачите ќе имаат можност да го искористат предложениот ѕвезден диск, со тоа што овој објект би бил поставен во вселената и би помогнал во забележувањето на можните близначки на Земјата, потфат кој досега се покажал како многу тежок за набљудувачите на егзопланети.

Иако во моментот овој Ѕвезден Диск е во почетните чекори од развој, тој ќе може да биде искористен за барање на планети кои се доста мали а се наоѓаат доста близу до своите ѕвезди. Научниците ќе можат да осознаваат повеќе за планетите, а во исто време да ги проучуваат и за потенцијални знаци на живот преку повнимателна анализа на нивната атмосфера.

Кажано е дека во теорија, ѕвездениот диск заедно со неговит придружен телескоп може да бидат пратени во специфични орбити. Дискот ќе може да блокира светлина од околу 50-тина ѕвезди, која инаку значително би го намалила квалитетот на набљудувањето.

Сара Сеагар, астрофизичар од MIT, изјави: „Со ефективното спречување на непотребната светлина од ѕвездите, само светлината од планетата ќе биде забележана од стана на телескопот“. Ова е доста поразличен метод на набљудување во однос на стандардниот метод на набљудување со телескоп и можеби е единствениот начин за забележување на планети слични како нашата со користење на едноставни телескопи.

Оваа мисија се претпоставува дека ќе чини околу 1 милијарда долари и за период од 3 години би можела да цели кон 55 светли ѕвезди. Сеагар верува дека има можност да се најдат планети слични како нашата во орбита кај 22 од 55-те ѕвезди кои се земени како цел.

Во моментов во НАСА се проучува прототип од лист кој би се наоѓал на дискот. Листовите од дискот ќе се распространат кога самиот ѕвезден диск ќе биде соодветно позициониран со придружениот телескоп.

Се разбира дека создавањето на ваков диск е макотрпна работа со големи инженерски предизвици. Дискот ќе мора да биде лансиран заедно со телескопот, но по пристигнувањето во вселената тој ќе мора да се одалечи од телескопот. Ѕвездениот диск ќе биде околу 10 метри во дијаметар и ќе мора да биде способен да изврши пат од илјадници километри подалеку од телескопот. Целиот диск ќе треба да биде дизајниран со голема прецизност, со цел ефективно да се блокира ѕвездената светлина.

Џереми Касдин, професор во Принстон, вели: „Нашата моментална задача е да се открие начин со кој при отворањето на дискот во вселената, сите листови ќе дојдат на правилното место и тоа со милиметарска прецизност.“

Главниот инженер на проектот, Стуарт Шаклан, вели: „Помалото искривување на светлина значи дека сенката од дискот е многу темна, па телескопот ќе може да прави слики од планетите без да биде спречен од ѕвездената светлина.“

Извор: Interesting Engineering

Превод: Бојан Андоновски

Сподели.